Број 3363  петок, 20 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Втора страница

Поглед

Промоторите не остваруваат

Соња Маџовска

Промоторите постојано се множат. Иако и од оние што ги имавме досега не видовме големо фајде, бидејќи не донесоа ниту една инвестиција. На местото на росните ливади, односно слободните економски зони, наместо фабрики - се' уште шетаат шарени крави.

За разлика од промоторите, бројот на шарените крави што пасат е речиси ист, односно и се намалува, бидејќи таму нема веќе толку трева, туку повеќе асфалт, ама не ни фабрики. Таа слика воопшто не е промената неколку години. Во двете зони „Бунарџик“ работат само две фабрики „Џонсон контролс“ и „Џонсон Мети“, но нив и не ги донесоа промоторите.

И покрај немањето ефекти, Агенцијата за странски инвестиции, односно Владата, ��порно опстојува на концептот дека економските аташеа кои шетаат по светот еден ден ќе ги наполнат зоните, и тоа 100 отсто. Уште осум промотори, за кои деновиве беше објавен оглас, ќе им се придружат на постојните 23, кои по белиот свет ќе ловат инвеститори. И добрата плата на промоторите од 2.000 евра, која ја добиваат автоматски со дипломатскиот статус, и платеното сместување и автомобилот на располагање, што е одличен старт за најголем број од нив како нивно прво вработување. Ништо од тоа не помогна тие да бидат поамбициозни во убедувањето на странците да ги вложат своите пари токму во земјава, а не кај соседите.

Додека во земјава во првите пет месеци од годинава странските инвестиции не можат да се искачат ни до 100 милиони евра, во Србија таа бројка, и тоа само во првиот квартал, изнесува 386 милиони евра, во Хрватска 434 милиони евра, а во Црна Гора 164 милиони евра.

Не смееме ниту да помислиме да се споредуваме со Турција. Таму во првото полугодие од годинава влегле 3,2 милијарди долари инвестиции.


#
Статијата е прочитана 1086 пати.

Испрати коментар

Од: Лазо Стефанов
Датум: 20.08.2010 07:09:41
Свето му кажува на Груевски: - Одиси!
Од: Трпе
Датум: 20.08.2010 07:37:40
Промоторите,остварувааааат,за себе и за партијата.
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 20.08.2010 07:45:02
Partiski udomuvanja si prodolzuvaat.Klati vrata trosi nevideni pari.Se utepaa zemajki pari za steta na drzavata...Air nikakov.Ajduklakot prodolzuva...a narodot si molci...A onie 500 godini...da ne se sozdala navika...
Од: naiven
Датум: 20.08.2010 10:01:08
Zasto nekoj ne sedne i da napravi analiza na promotorite eden po eden. Ke se iznenadite koga ke vidite deka toa se deca na lugje od razni partii i "zasluzni" lugje. Narodov e mnogu naiven koga veruva deka vo Makedonija postoi demokratija. Vo Makedonija postoi oligarhiski sistem na tnr. eliti koi megjusbno se dogovaraat kako vecno da vladeat. Da zivee partijata SDSM-DPMNE
Од: Професорка
Датум: 20.08.2010 12:04:16
Не е сета вина на промоторите, иако и тие се непогрешиво “одбрани“. Што и да зборуваат надвор, странците кога ќе стапнат кај нас за неколку саати им станува јасно во каква небиднина дошле. Инфраструктура од 18 век, корупција, аеродромот со главата на Аце како бучук, главен град кој допрва го живее сонот на Чаушеску, искуството на ЕВН, образовани луѓе на ливади (дисперзирани), правна држава мало морген, патриоти-неработници, средно стручен кадар нема оти сите студираат и ред други специјалитети на ова државиче. Па зошто да бувнат пари баш овде, кога сликата во регионот бргу се менува кон добро?

Најди! во Утрински
Втора страница
Туристите и' свртија грб на Грција
Вербатим
Нови 80 рамковни вработувања