|
|
|
|
|
|
ЕДИТОРИЈАЛ
Политичката сапуница „Космос“
Билјана Ангеловска
Има или нема политика во рушењето на комплексот „Космос“? Станува беспредметно да се говори дека објектот има чисто градежен проблем. Оти, во случајот се' повеќе се вмешува политиката. Сега излегува на виделина она што им е јасно на сите уште од самиот почеток на уривањето наспроти тврдењата на надлежните од Општина Гази Баба дека се работи за чист случај на незаконско градење. Веќе се одвратни полемиките околу (не)присутниот политички реваншизам во целата акција. Нема никаква политика во случајот, освен што почнаа да излегуваат опозициски градоначалници во одбрана на инвеститорот! Нема ни реваншизам. Се разбира, доколку поинаку се толкува задоцнетата реакција на инспекцијата, која почна со рушење откако Цаноски излезе од владината коалиција и премина во опозиција. Па, сега, нека мисли кој како сака, или како му одговара.
Едно е сигурно. Во отсуство на турските телевизиски серии на кои нацијата се палеше долго време, сега „Космос“ го презема приматот во гледаност. Според тоа колку овој случај е присутен на екраните, може слободно да се каже дека се претвори во сапуница во која главната улога ја има градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски. Човекот што до вчера речиси и не знаевме како изгледа, сега не се симнува од телевизија, нонстоп држи пресови. Се полнат вестите со рушење, со заемни обвинувања, со закани. Општината руши, инвеститорот реагира. Трајковски мавта со законите, Цаноски со дозволите потпишани од самиот градоначалник. И, така со денови.
Единствено минерите најмени да го срушат објектот напредуваат. Објектот се' повеќе се накривува, се крши, клекнува. Ама, никако да падне. По речиси дваесетдневно упорно рушење, се' уште не е паднат. Градежниот инспекторат даде рок од пет дена на Цаноски сам да си ја сруши градбата. Се разбира, тој воопшто не се ни обиде да стори такво нешто. Затоа Општината сама ја презеде работата во свои раце. И почна да урива. Ама брзо сфати дека тоа не било така едноставна и лесна работа и оти очигледно пред неа стои исклучително цврст објект за чие уривање ќе мора да се користи динамит. И, бидна така. Донесени се минери дури од Словенија. Веројатно со идеја дека тие се постручни, Општина Гази Баба реши да го одврзе ќесето и да плати странци да ја завршат работата. Но, поминаа речиси дваесетина дена, а објектот никако да падне. Се разбира, никој не се сомнева дека кога-тогаш ќе биде урнат, меѓутоа очигледно ќе треба време. Многу повеќе отколку што беше планирано. А, времето е пари. Колку подолго трае уривањето, толку тоа поскапо ќе чини. Истата Општина, која му даде рок од пет дена на инвеститорот да си го урне објектот, сега сама не може да го стори тоа ни за дваесет. Но, тоа не е грижа на Општината. И онака тие трошоци ќе бидат на товар на Цаноски!
Од друга страна, штетата направена од уривањето ќе биде уште поголема и поради тоа што освен самата конструкција, со акцијата се уништува и се' друго што се наоѓа на градилиштето. Бидејќи Општината не му дозволи на инвеститорот да ја отстрани опремата, машините, крановите. Оттаму, јасно е дека штетата ќе се брои во милиони евра. Кој ќе ги плати тие силни пари? Е, тоа е прашање за чиј одговор може да се дискутира. Зашто, повеќе од јасно е дека Цаноски ќе тужи и ако не го добие спорот пред домашните судови, ќе оди на меѓународен суд. Исходот оттаму не може да се предвиди. Но, искуството од сите досегашни спорови водени пред меѓународните судови покажува дека секогаш губела државата. Односно, губеле граѓаните, бидејќи, на крајот, цехот, сепак, го плаќаат тие. |
#
|
Статијата е прочитана 2209 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Goce |
Датум: 19.08.2011 01:00:34 |
|
Za placanjeto na stetata e jasno deka buxetot ce plati,odnosno site nie,no tekstot ne se osvrnuva na eden biten moment a toa e zosto spomenatiot gradonacalnik voopsto rusi.Oti ne moze da se plati steta,a se da e po propis.Moe mislenje e deka opozicijata vo ovoj gradonacalnik si najde svedok vo nekoj iden proces protiv Gruevski.A ako ne saka da svedoci ce si lezi. |
|
|
|
|
|
|
Од: cobe |
Датум: 19.08.2011 06:46:10 |
|
Ovaa SAPUNICA ke se vergla i vo narednite 4 godini.................. do kraj na Prerodbata vo 200 cekori............... |
|
|
|
|
|
|
Од: Risto Andov |
Датум: 19.08.2011 07:14:53 |
|
Еве, објектот "Космос", кој требеше да биде понос на македонското градбеништво, се претвори во секаков вид глупост, бесмисла, абсурд, огромна штета и особено политички бес на властодржците! Се повеќе станува јасно дека Космос не е дивоградба, туку, можеби, направена е определена градежна недисциплина, наравно, ако се докаже дека некои спратови биле повисоки од проектираното и одобреното! Но тоа не би требело да биде причина за рушење на објектот, туку би требело да уследи казна за памет! Меѓутоа, упорноста на градоначалникот на Гази баба при рушењето на Космос ме чуди, и се прашувам: Зошто овој градоначалник систематски се прави глув, нем и мутав кога се работо за дивоградбите на северната страна на заштитенот простор на локалитетот парк шума Гази баба, ете и покрак децениското лелекање на екологистите!!?? |
|
|
|
|
|
|
Од: jimmy1 |
Датум: 19.08.2011 08:00:24 |
|
Stetata da se isplati so odzemanje na imotite na Gvujo, na rusacot Toni, od gradeznite inspektori i site drugi involvirani vo rusenjeto. Zosto da plaka narodot koga ovie nesmasni zivotni go rusat Kosmos poradi osveta zosto Fiat no koalicira vo fasisticko-teroristickata vlada vo Makedonija. Tie treba da e platat ostetata a ne narodot. Zost da plaka narodot za nekoi pijokrvnici sto si gi lecat frustraciite na vakov nacin. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 19.08.2011 08:28:55 |
|
Не овде нема никаква политичка пресметка.Не се крие никаква политичка позадина.Ова е лична пресметка помеѓу Груевски и Цановски.Голема работа ,што нивната пресметка треба да ја плаќа обичниот граганин. |
|
|
|
|
|
|
Од: bitola troa skolovan |
Датум: 19.08.2011 10:21:50 |
|
I denes e vo Makedonija togasniot drzaven ispektor po ekologija koga se turkaa luksuznite objekti vo Zlokukani isto od vlada na DPMNE,kade vo maloto ezerce imase nad 2.5 toni riba koja po zakon trebase da se dislocira na baranje na toj nas inspektor komu sme mu dale del od zakonite toj da gi sproveduva,za zal politickite revansizmi se sekogas na frustrirani ludje koi ne dozvolija ribata da se spasi nego ezerceto se zatrupa so sut .Potoa na sud investitorot si go dobi predmetot i so nasi pari mu se isplati stetata a od taa silna administracija koja go sprovede toa ne obvinivme nikoj za nezakonsko rabotenje ne za zloupotreba tuku nezakonsko rabotenje.Taka ke bide i vo ovoj slucaj. |
|
|
|
|
|
|
Од: Jovica |
Датум: 19.08.2011 10:58:39 |
|
За големо чудо, изгледа архитект-творец и на ова дело е Јорго Шундовски (докажан македонски урбан фалсификатор кој си игра дрн-дупка со сите на кој им прави проекти, па и со Фијат. Гревот на Фијат е ако знаел дека Јорго за него ќе краде квадратура, и тоа бааги голема. |
|
|
|
|
|
|
Од: ivo |
Датум: 19.08.2011 11:30:30 |
|
Politickite, investiotorskite, familijarnite ili drugi pricini "za perfektna primena na zakonot"ne me interesiraat! Kako gragjanin samo ocekuvam posle vrakanjeto od odmorite opstinskite administracii i inspektori , dosledno da go primenat zakonot vo celata drzava ! Neka zemat dinamit (legalen) i neka go sproveduvaat ! Ako Kosmos , kade sto se rasponi od stotici metri otstapuva od planot za 43 santimetri , znaci deka vo vozduh treba da se krene sekoja kuka koja ima raspon od desetina metri , dokolku otstapuvanjeto e 4.3 santimetri! Toa e srazmerno i pravilno primenuvanje na zakon! Ako na ova gi dodademe i nelegaliziranite divogradbi , od Makedonija ke ostane prav i pepel! Taka Vladata ke pokaze kolku e revnosna vo primenata na Zakonite koi gi donela preku svoite partiski pratenici! Isto, treba da se postapi i so site spomenici, dokolku otstapuvaat od planot! Samo taka ke imame pravna drzava spored zamislite na Vladata!Koj ne se slaga , e protiv politikata na Vladata !!! |
|
|
|
|
|
|
Од: svetlana skopje |
Датум: 19.08.2011 12:30:17 |
|
jas gradev kuka site sto gradime znaeme deka se nemoze da bide spored proektot a gradonacalnikot sigurno koga izdaval dozvola za gradba go videl proektot a drugo dokolku trebalo da ima gradezna inspekcija toa moztele da go etstorat ot pocetokot na gradbata .... treto eurivanje na nekoja zgrada ... ili gradba da kazeme ne izvadile pari ot svojot geb zatoa ne znaat kako e
ima zakoni mozelo da pomine so kazna i mojata kuka ot200 kv ne e spored proektot pa sto sega ova e vrzano so ministerstvo za trrasport i vrski ... moeto mislenje deka mozebi treba da postojat kazni ..drugo vo cair imate eden kup zgradi edna do druga napraveni bez urbanisticki plan ako gradot skopje gledase na urbanistickiot plan skopje nemase da izgleda na afrikansko selo .... prvo treba da se zaprasaat koj vo skopje dava dozvoli da se gradat zgradi koj kade sto saka ... ot ie komunalii mnogu imaat kar i korist vo gradot posebno opstinite si gi stavaat parite vo gebot ....prijaten den |
|
|
|
|
|
|
Од: Gnenen gragjanin |
Датум: 19.08.2011 12:45:54 |
|
Gradonacalnikot na Gazi Baba e ili LUD da prava vakva stetata so posledici kako sto ubavo e opisana , bez transparentno prvo da se se stopira rabotata, da se napravi detalna analiza i bara razumno i korisno resaenie vo polza na graganite i Drzavata, peki da se Uslovno , transparentno da se dokaze dali ima prestap i da se kazni rigorozno finasiski investitorot. Ako bi moralo seto ova da se rusi ubavo da se ispita pravno kakvi dalekusezni posledici bi imal budzetot i graganite posle megunarodniot sud. Ako mladiot gradonacalnik ne e lud TOGAS raboti pod Pritisok E pa sega zaklucete zosto se raboti |
|
|
|
|
|
|
|
|