|
Хороскоп
ОВЕН
Почнавте посериозно да се ангажирате околу преселбата во поголем станбен простор. Веќе го пронајдовте она што ви одговара, но не би било лошо уште да почекате и тогаш да донесете одлука. Здравјето е добро.
БИК
Денес ќе уживате во целосното внимание на луѓето од вашето соседство. Некому особено му се допаѓате. Тоа лице се' уште не е подготвено да ви го покаже, но сега барем знаете дека е во ваша близина. Можна е средба.
БЛИЗНАЦИ
На работа, со многу борба ќе успеете да го издејствувате она што го планиравте. Ако сте во врска, односот со партнерот ќе биде страстен повеќе од вообичаено. Постои можност да добиете и подарок.
РАК
На работа атмосферата е попозитивна. Ве очекува поголема парична добивка. Во семејството е стабилно. Здравствените тешкотии што ги чувствувате минуваат. Падот на имунитетот е резултат на стресот, па сепак, одморајте повеќе.
ЛАВ
На полето на кариерата немате проблеми. Ќе добиете многу поволни вести, важни за вашата работа, од некој што моментално е на кратко патување во странство. Со партнерот ги решивте сите несогласувања.
ДЕВИЦА
Ве очекува интересен ден. Ви претстои познанство со лице што не е оттука. Пријателството ќе отвори нови можности. Не е исклучено набрзо да заминете на пат. Некој ќе ви помага финансиски.
ТЕРЕЗИЈА
Тензијата на емотивен план попушти, па особено ви е пријатно друштвото на лицето со кое се дружите. Во фаза сте, кога ни сами не знаете што сакате, но не ризикувајте. Можете многу да изгубите.
СКОРПИЈА
Ако сте на пат, враќањето дома не ви падна лесно. Ве дочекаа ед��н куп проблеми во врска со законот. Не очајувајте, ќе надминете се', благодарение на партнерот. Здравјето е подобро.
СТРЕЛЕЦ
Подготвени сте да започнете нешто ново, што сакате да го правите. По тој повод ви пристигнуваат ветувачки вести. Финансиската ситуација се' уште е солидна. Со партнерот ви претстои сериозен разговор.
ЈАРЕЦ
По вчерашниот хаос, атмосферата во семејството е помирна. Вашето расположение ќе биде подобро. Работата нема претерано да ве интересира. Во љубовта емоциите чудно се менуваат. Здравјето е добро.
ВОДОЛИЈА
Приходите од работата, дури отсега треба да бидат се' поголеми. Бидете трпеливи. Во семејството некој ќе има солидна парична добивка. Ве очекува романтична средба со партнерот. Одлично функционирате. Здравјето е постабилно.
РИБИ
На моменти ви се чини дека ја изгубивте волјата за работа, но се враќате во форма. Успехот е сигурен, но ве очекуваат и многу обврски. Финансиите се добри. Во љубовта поработете на комуникацијата.
|
#
|
|
|