Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Граѓаните изолирани од општините

Мало е учеството на граѓаните и на бизнисмените во процесот на донесување одлуки во општината, креирање на буџетот или во други стратегии и планови. Ова се резултатите од проектот на УСАИД „За транспарентно владеење“ реализиран во периодот од септември 2009 до август 2012 година од НВО „Инфоцентар“, Центарот за граѓански комуникации и ЕХО.

Истражувањето што опфати четири скопски општини: Гази Баба, Петровец, Чучер-Сандево и Арачиново покажува дека лани само во една од нив имало барање за пристап до информации од јавен карактер. Во ниту една општина нема пишана процедура за постапување по жалби на граѓаните поради непрофесионалниот однос на службениците. Голем процент од анкетираните граѓани, како и бизнисмените досега не повеле иницијатива за решавање на одреден проблем.

Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации смета дека се' уште има простор за подобрување на работата. „Изработуваме препорака што треба да ја подобри општината, обучуваме дел од службениците како да се спроведат препораките и нудиме конкретна експертиза за поголема отчетност во работењето“, рече Филков. За Тодор Петров од општината Гази Баба, битен предуслов за квалитетно работење на единиците на локалната самоуправа е токму учеството на граѓаните. (П.К.)


#
Статијата е прочитана 607 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
На плажа во Куба или со брод до Америка

"""