|
Хороскоп
Овен
Сакате сите да се однесуваат онака како што сте си замислиле. Помислете малку на туѓите проблеми и пробајте да ги разберете. Со партнерот се можни проблеми. За поголемиот број конфликти денес сами сте виновни. Затоа е подобро да го побарате решението во вашето однесување.
Бик
Бидејќи поседувате енормна количина енергија, ќе имате успех со луѓето поврзани со работата и со унапредувањето. Доколку се фокусирате само на партнерот, само ќе се нервирате. Дури утре емотивните несогласувања ќе се изладат, но не и пропуштената деловна шанса.
Близнаци
Повторно постигнувате хармонија, па релативно добро ќе функционирате. Успешен ден ги очекува креативните и комуникативни припадници на знакот. Ќе остварите завиден успех, за разлика од оние што не се подготвени да влијаат отстрана, па поради страв спречуваат да им се случат убави нешта.
Рак
Разни случувања, телефонски разговори. Изгледа дека чувствувате потреба за самотија и одмор. Нема да имате можност да го реализирате тоа, но бидејќи сте материјално стимулирани, не ви е жал. Планирате да отпатувате некаде на кратко каде што ќе ги наполните батериите.
Лав
Или се наметнувате на безобѕирно-вулгарен начин или, пак, другите ви го прават тоа вам. На случувањата гледате трагично, бидејќи почнавте да се плашите за сопствената безбедност. Ни партнерот ни останатите кои ве сакаат не можат да го ублажат вашиот песимизам. Времето го прави тоа наместо нив. Бидете трпеливи.
Девица
Иако сте припадник на практичен знак, поседувате исклучителни уметнички афинитети. Доколку сте во уметн��чката гранка, пред вас се само успеси. Доколку сакате да постигнете хармонија на емотивен план, сфаќате дека сте во заблуда. Мора нешто да пресечете во врска со тоа.
Терезија
Женските припадници на знакот мечтаат за тоа како од милионери да станат милијардери. Додека машките припадници за тоа време вредно работат. Најдобро е да се здружат машите и жените Терезии. Меѓутоа, токму во тоа се состои проблемот.
Скорпија
Поради случувањата поврзани со љубов, деца се чувствувате добро и заборавате на безизлезните ситуации, кои произлегуваат од вашето хронично незадоволство. Денес партнерот до таа мера ќе ве возбуди што вниманието ќе го насочите само кон пријатни нешта.
Стрелец
Иако сите ви зборуваат дека не сте во право и ви го укажуваат вистинскиот пат, не слушајте ги, туку терајте по свое. До кога ќе се однесувате така? Најверојатно додека имате семејство и пријатели да ве слушаат. Ако продолжите со тоа темпо, сите ќе се разбегаат. Тотално ги исцрпувате.
Јарец
Несигурни сте кога е во прашање донесување некои одлуки. Грешите ако помислувате да се откажете од се'. Главата горе. Залудно не сте се родиле во овој астролошки знак. Бидете свесни за тоа во секој момент. Ви се советува работа на нешта што ви ги враќаат самодовербата и оптимизмот. Размислувајте за патување и гости.
Водолија
Ќе бидете во ситуација да се нервирате поради некои ситници, а тоа најмногу се однесува на партнерот. Сами го избравте, па сами и обидете се да влијаете на него. Моментално не се знае кој на кого треба да влијае. Најверојатно токму вам ви е потребна помош. Спасот е во дружењето.
Риби
Случувањата во семејството ве тераат да размислувате за нив. Бидејќи и вам ви е потребна помош, само залудно ќе се оптоварувате. Свртете се кон нешта на кои може да влијаете. Работете на зајакнување на самодовербата. Активирајте ја потсвеста.
|
#
|
|
|