Што прават денеска
Сашо Ливрински
музичар
Првата обврска денеска ми е присуството на поправните испити за учениците во училиштето каде што работам. Потоа од 11 ч. одам на проба во „Танец“ каде што се подготвува настапот за „Скопско лето“ на 9 јули, со моја нова обработка на орото „Калајџиско“. По пробата ми почнува викендот.
Искра Шукарова
кореографка
Уште денеска сум во Птуј, Словенија, каде што учествувам на семинарот на „Номад танц академијата“ за развој на современата танцова сцена во регионот. Овие денови на семинарот се одлична можност за споредба на искуствата и за здобивање нови сознанија за професијата. Утре се враќам во Скопје.
Петар Мирчевски
актер
Деновиве паузирам од актерско-уметничките работи и мирувам во битолското лето, по учеството во жирито на ТФ „Војдан Чернодрински“. Така, денот ми почнува со спортување на Тумбе кафе, па кафе-муабет во театар или на Широк сокак и очекување на 1 јули кога би требало да почне да се подготвува претстава за „Охридско лето“. |