Вештини и атракции на Бистра
Планината Бистра завчера беше во центар на вниманието. Во месноста Смрдливи Вирови, недалеку од Галичник, се одржа Денот на овчарството и козарството. Стотина сточари од нашите региони и од соседните држави пред две илјади гости ги презентираа вештините во молзење и во стрижење овци. Посебна атракција беа борбите на пеливаните. Посетителите имаа ретка можност да вкусат овчо сирење, галички кашкавал, печено јагнешко, бакрдан, сарајлии. Традиционалната манифестација, која годинава се одржа по шести пат, со голем интерес ја следеше и американскиот амбасадор во нашата земја, Филип Рикер. |