Број 3330  понеделник, 12 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

„Галичка свадба 2010“


Традиционален спектакл за паметење

Киро Кипроски

На Петровден, во Галичник, никогаш не замолкнале пискотите на зурлите и татнежите на тапаните. Така беше и годинава, еден ден пред овој голем христијански празник. Со векови за галичани Петровден бил и останал симбол на љубовта, надежта и вербата за подобра иднина. Така се живеело во минатото во ова орловско место, а така и денес живеат галичани во светот.

Немаше крај на радоста на големата галичка фамилија Шотароски. На свекорот Кокан Шотароски му се исполни желбата синот Филип да го ожени во Галичник, со сите адети и свадбарски ритуали, како што правеле неговите предци. Радост имаше и кај невестата Љупка Талеска, чие потекло е од Крушево. На двете семејства им се исполни нарачаното и порачаното.

Круна на годинашното 47. издание на културолошко-туристичката манифестација „Галичка свадба 2010” беше венчавањето во црквата „Св.Петар и Павле“. Зетот Филип и невестата Љупка пред Бога си ветија дека ќе си бидат верни еден на друг, а свештеникот им посака здравје и долг живот исполнет со многу дечиња.

По венчавањето невестата ја однесоа кај чешмата Упија, а потоа ги таа ги даруваше најблиските.

Во Галичник, и никаде на друго место, има обичај со песна и ора да се канат мртвите. Вчераутро зетот Филип со најблиските роднини ги посети гробиштата и од своите умрени предци побара дозвола да се жени и ги покани на свадба. Потоа следуваше ритуалот канење на кумот, бричење на зетот, на строј, бодинање, дарување на невестата, а таа низ прстен го гледаше својот избраник и тивко говореше: „Низ прстен те гледам, во срце да ти влезам”. Кога невестата Љупка пристигна во новиот дом свекрвата Стана, со погача на главата, три пати ја удри во главата при што изговараше: „Невесто, жити лебот да ме слушаш и да и' бидеш верна на куќата”. Побратимот се обидуваше уздата од коњот, на кој јаваше невестата, да и' ја стави околу вратот, симболично да ја заузда за новиот дом.

Неколку илјади туристи со љубопитство ги следеа свадбарските обичаи, ората, песните и со задоволство ја гледаа галичката носија, со сватовите се фотографираа за спомен и сеќавање од престојот во Галичник.


#
Статијата е прочитана 983 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Палјачо и попалјачо!
Политичка бура во чашата на Вељаноски
Секоја чест за Германија, но и за Уругвај
МВР е сила, МВР е моќ
Ќе има ли повеќе пари за судството?
Kашичките „Фрутек“ повлечени од продажба
Зоните ќе се наполнат 100 отсто
Академската слобода
Зелениот картон ќе поевтини, ама наесен
Стил
Вештини и атракции на Бистра
Сребреница - злосторство што не смее да се повтори
Затворени 51 обложувалница
Карикатура