Не предавам на Медицинскиот во Тетово
Проф. д-р Дончо Донев, Катедра за социјална медицина
По повод написот со наслов „Скопски професори нагрнаа на тетовскиот Медицински факултет“ од Јасмина Јовановска („Утрински весник“ од 28. 11. 2008 г.), сакам да известам, што се однесува до мене, дека не сум учествувал ниту сум бил вклучен во реализацијата на наставата на Медицинскиот факултет во Тетово.
Според тоа, изјавата од ректорот на Универзитетот во Тетово, Сади Беџети, во врска со лекари - пензионери вклучени во наставата на Медицинскиот факултет во Тетово не се однесува за мене. Изјавата: „Но, има и професори кои предаваат на два факултета, како што е Дончо Донев, а тие доаѓаат за да го пополнат фондот на часови што им недостига“, вели Беџети, не е точна.
Исто така, не сум известен за евентуално доставено барање од Медицинскиот факултет-Тетово до Медицинскиот факултет-Скопје или Ректоратот при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кое би се однесувало и на мене, а врз основа на „веќе потпишан договор за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како што нагласува ректорот Беџети во наведениот напис. |