Што прават денеска
Ребека
пејачка
Контролираниот хаос на денешниот ден ми започнува рано наутро. Веќе во 9 ч. тргнувам за Битола, каде што во 13 ч. имам прес-конференција по повод мојот вечерашен концерт во Хераклеја, за затворање на „Битфест“. Во 17 ч. е пробата, а во 21 ч. почнува концертот. Потоа, неизбежно дружење на Широк сокак.
Борче Брзанов
дир. на „Лешочки фолк-фест“
На ден на одржување на фестивалот, што го организираме речиси половина година, нормално е да бидам во трчаница. Во 14 ч. веќе сум во манастирскиот комплекс во Лешок и ја подготвуваме сцената. Во 20,30 ч. започнува „Лешочкиот фолк-фест“, каде што ќе бидат изведени 21 нова песна.
Стефан Хаџи Николов
сликар
Работното темпо на сликање го одржувам и по враќањето од ликовната колонија на Јахорина, во Босна и Херцеговина, кое беше мошне инспиративно и корисно. Летниве горештини дури и ми годат за работа, со оглед дека криејќи се нив, најголем дел од денот го минувам во ателјето. |