Хороскоп
ОВЕН
Ако ги избегнувате семејните обврски, ќе се конфронтирате со лице чија приврзаност ви е важна. Приватните обврски ќе ви одземат многу време. Олабавете се! Не може секогаш се' да тече според планот. Вечерта резервирајте ја за романтика. Не префрлајте ја вината врз други.
БИК
Вашата немарност или заборавност ќе разлути еден член од вашето семејство. Ако веќе не можете да стигнете на време, не заборавајте да се јавите на телефон и да им ја јавите промената на оние што ве очекуваат. Една љубовна порака ќе ви го разубави утрото. Прифатете го туѓото мислење.
БЛИЗНАЦИ
Ако веќе сте решиле да потрошите одредена сума за уживање, забава или за облека, немојте потоа да имате грижа на совест. Добро ќе се забавувате во друштво на колегите од работа. Ќе ви годи наклоноста и додворувањето на некој колега. Усогласете ги финансиските интереси со блиските.
РАК
Иако саканите лица ќе ви пречат кога станува збор за исполнување на материјалните интереси, воздржете се од коментари. Некој би можел да ви понуди деловна соработка или да ви помогне да ги завршите проектите врзани за домот. Со насмевка ги уривате сите пречки.
ЛАВ
Денеска ќе бидете некако забавени, уморни и поспани. Ќе се обидете да избегнете некои обврски и да ги одложите договорите. Најсреќни ќе бидете меѓу своите четири ѕида, уште повеќе ако покрај вас се најде лице со кое ќе создадете романтична атмосфера. Не се преоптоварувајте со гласини.
ДЕВИЦА
Ваше блиско лице ќе биде многу нервозно. Многу време ќе потрошите разговарајќи со него за проблемите што го мачат. Ќе ве развесели една случајна средба на пат. Финансиската ситуација накратко ќе го одложи исполнувањето на плановите. Со прошетка спасете се од нервоза.
ТЕРЕЗИЈА
Неочекувани вести во раните утрински часови ќе ве придвижат во акција. Ве очекува пораст на деловните и на семејните обврски, па затоа водете сметка за времето. Ќе ве збуни студенилото и замисленоста на едно блиско лице. Денеска прво размислувајте, па зборувајте.
СКОРПИЈА
Денот ќе изобилува со пријатни доживувања и сознанија. Многумина ќе добијат љубовна порака што ќе ја засили вашата самодоверба и верба во подобра љубовна иднина. Зад поканата за патување се крие нешто интересно. Сепак, држете го апетитот под контрола.
СТРЕЛЕЦ
Скромноста и ненаметливоста ќе ви бидат од поголема корист отколку гласното и бучно истакнување, особено кога станува збор за пријателските и деловните односи. Внимавајте на себе, но и на здравјето на саканото лице. Пронајдете ја причината за вашата несоница.
ЈАРЕЦ
Внимавајте денеска да не бидете вовлечени во некој судир, против вашата волја. Еден збор ќе биде доволен да ве прогласат за соучесник или дури и виновник за дела што некому му нанесуваат штета. Љубовниот партнер не го разбира вашето расположение. Претераната чувствителност е штетна за вас.
ВОДОЛИЈА
Едно женско лице со кое, инаку, немате добри односи, ќе ви излезе во пресрет и ќе ви помогне да ги решите проблемите од финансиска или деловна природа. Оние во брак ќе мора да се приспособат на навиките и на потребите на роднините на партнерот. Контролирајте го својот потрошувачки нагон.
РИБИ
Не губете ги нервите за детали, односно поради нечие туѓо однесување. Постојат околности и лица на кои засега не можете да влијаете. Подобро здивнете од работата и договорете се за вечерно излегување. Ќе ве развесели пријатно и насмеано друштво. Прифатете ја помошта од едно женско лице.
|