Број 2721  четврток, 26 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Богатите тактизираат, сиромашните страдаат

Нина Нинеска-Фиданоска

Нафтата на светските берзи достигна фантастични 138 долари за барел... Бензинот на македонските пумпи собори досега невиден рекорд, надминувајќи ја дури и психолошката бариера од 80 денари за литар... Лебот сигурно ќе добие нова повисока цена... Јавниот превоз поскапува... Таксистите ќе „возат“ по нови „посолени“ тарифи... Во продавница не се влегува од скапотија, а ќе има и уште поголема... Каматните стапки ќе одат нагоре за најмалку еден процентен поен... Идната година сигурно ќе дојде до нова нагорна корекција на цената на струјата...

Вакви и безброј други непопуларни наслови секојдневно ги полнат нашите весници. И телевизиите наголемо известуваат за инфлацијата, за скапотијата, за сиромаштијата. И што е уште потрагично, сето тоа што го пренесуваат медиумите не е воопшто „надуено“ само со цел да се добие на тираж или гледаност, туку, напротив, дури е и преблаго кажано во однос на она што се случува навистина во реалниот живот. И во светот, и кај нас - но во многу подраматични димензии. Драматиката кај нас ја прави фактот што големата скапотија мора да ја преживуваме со просечна плата од само 250 евра, за разлика од другите држави, кои далеку не „шијат“ со примањата.

До кога вака? Уште колку може да издржи просечниот македонски граѓанин нови цени и поскапувања? Како обичните луѓе да ја преживеат страшната инфлација, во услови кога платите, барем на најголемиот дел од „работичката класа“ не мрдаат ни за денар нагоре со години. Воопшто и да не зборуваме за невработените, социјалците, стечајците... Нивната судбина никој не сака да ја доживее.

Со еден збор, граѓаните се ставени во вистински клинч. Нема ни каде, ни како да побегнат од оваа, веќе луда ситуација. И, конечно, нема дури ни на кого да се пожалат, оти сите нивни пријатели и соседи се наоѓаат во иста каша. Само оние 10 отсто богати во земјава горе-долу можат да се справат со ситуацијата.

И додека ние - малите фактори само беспомошно набљудуваме, големите светски играчи или навистина не можат или, пак, не сакаат да најдат солуција за проблемот.

Водечките нафташи и најголемите потрошувачи на нафта се собраа минатиот викенд во Џеда, Саудиска Арабија, за да разговараат и да бараат решение за скапата нафта. Но, и по два дена жешки дебати, натегања и надмудрувања, излез од „нафтениот тунел“ не се најде. Сите си останаа на своите приказни и ставови за црното злато. Позитивен епилог немаше, освен скоромните најави на Саудијците дека, сепак, ќе има благо зголемување на дневното производство. Не помогна ни тоа, бидејќи само еден ден подоцна цената на нафтата продолжи да расте. Аналитичарите воопшто не се оптимисти дека набргу ќе има добри вести од светските берзи и смирување на нафтеното ценовно лудило.

Не е подобра ниту ситуацијата со цените на храната. Дополнителни главоболки создава производството на биогориво, кое ги троши и онака скромните земјоделски ресурси. Некои го нарекоа дури и „злостроство против човештвото“, бидејќи создава се' поголем број гладни во светот. Дури и граѓаните на богатите земји не можат да се справат со галопирачката инфлација. Тие протестираат, блокираат патишта и прават нереди, не сакајќи да се согласат високите цени да им ги скинат удопствата на кои се навикнати.

Ние, пак, не одиме на протести, веројатно затоа што никогаш не сме ни живееле премногу добро. Ама, крајно време е да почнеме.

Нашата Влада, за волја на вистината, вчера излезе со серија мерки со кои очекува дека ќе се ублажи состојбата поради високата цена на нафтата. Ќе се даваат субвенции за земјоделците, ќе поевтинат патарините, ќе се намалат трошоците за регистрација, се укинува акцизата за увоз на хибридни возила, се намалуваат трошоците за користење на царинските терминали и слични потези. Дали тие реално ќе помогнат земјоделците, бизнисот и граѓаните полесно да дишат, останува да се види во наредниот период.


Статијата е прочитана 893 пати.

Испрати коментар

Од: Бобо
Датум: 26.06.2008 00:38:32
Сакам да ја исправам колешката дека нее запознаена добро се што се случува во светот,точно е дека во светот плати се поголеми но и давачките се мнгу по различни од Македонија .Овде во Италија просечна плата н рабоник е од 800Е па до 1100 ништо повеќе од тоа ,кирзата се осека овде мнгу кога излезес на пазар кг банани 1,90 и 2.е месото гветско е 25 Е кг зејтинот е 1,85 а да не зборам за другите давачки ако плаќаш и ќириа а цените се од 450€ па до 600€ и спореди ја платата пак ќе видиш како и зивеме ние тука Македончињата и остатокот од итаљанцте ,од ден во ден гледам се поголем број пензионери како ги превртуват кантите со ѓубре околу градот
Од: Спектатор
Датум: 26.06.2008 08:58:17
Перманентниот пораст на цената на црното злато е глобален проблем за сите земји кои се увозно зависни од овој енергент. Мерките што ги презема македонската влада ќе помогнат и финансиски и психолошки. Во ситуација кога буџетот штедро се полни од давачките за нафтени деривати, мислам дека Владата треба најголем дел од овие (непланирани) средства наменски да насочи за изградба на електроенергетски објекти и за патишта. Ова е добра можност со сопствени средства да се градат големи инфраструктурни објекти за чија изградба во други прилики тешко може да се најдат сопствени средства.
Од: jovan
Датум: 26.06.2008 09:16:33
Podolu eden komentator "Bobo" mnogu dobro ja opisal situacijata i vo "bogatiot" razvien svet, so toa sto tamu ako nemas stan sakal nejkel kirija MORAS da plakas inaku ne ti bega ulicata, a ovde bez problem mozes da si izgradis nekoe sopce, na divo se razbira, i nikomu nisto. Da ne zborime pa za po selata kade sto celi naselbi i sela se divogradbi, se uzurpira zemjiste, se secat sumi beskrupulozno, se kopa pesok po rekite beskrupulozno, ne se plaka struja, voda, danoci. Taka da kaj nas se uste e dobro, losoto toprva doaga kaj nas.
Од: АА
Датум: 26.06.2008 10:01:19
Не се вистина во овој текст.Не му замерувам на новинарот бидејќи неколку пати веќе коментирав дека во Македонија само лошата вест е добра вест и погодна за во весник. Имено станува збор дека не е се така црно за граѓаните на Р Македонија. Во амбулантите на матичните лекари прегледите се сеуште бесплатни а капитациониот бод за лекарите е сеушта од пред 10 години.Гледате дека не е се така црно. А и лековите се сеуште по багателни цени ?????????
Од: mene
Датум: 26.06.2008 19:14:28
pa neka izlezat site slozno neka protestiraat kako segde u svet,a ne,makedonceto e nauceno samo da sedi i da trpi pa koj im e kriv!!!!!!!!!!!
Од: seirdzija
Датум: 26.06.2008 20:15:23
Doagja period koga navistina ce se zivee mnogu tesko. Nema da pomognat ni reklamite na Gruevski Naseto stopanstvo e nisko produktivno i nemame sto da ponudime na svetot .trgovskiot deficit ce bide se pogolem taka da ce se soocime so nemoznost da uvezeme nafta

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Едиторијал