Бидејќи имагинативната моќ е нагласена, занимавајте се со уметност и работи за кои е неопходна фантазија. Не губете сила на работи на кои слабо можете да влијаете, бидејќи ќе се нервирате. Имате многу причини да бидете задоволни, но нешто не ви дава мир.
Бик
Добро сте расположени, подготвени за уживање и забава. Ќе ви биде понудено унапредување. Лесно остварувате професионални успеси, но не можете да се пожалите ниту на емотивниот живот. Благодарение на упорноста и истрајноста ќе постигнете резултати.
Близнаци
Се соочувате со суровата вистина. Трезвено размислувате и јасно знаете што сакате. Исклучително функционирате во тим, затоа се советува и таков вид на работа. Бидејќи ве очекуваат успеси на сите страни, тргнете во акција.
Рак
Раковите се насочени кон работата, филозофски теми, патувања а многу помалку кон приватниот живот. Моментално сте во извесна дилема. Доколку процените дека љубовта има преголема цена, засега нема да бидете подготвени да ја платите.
Лав
Во нешто вложувате дополнителен напор, но ќе се исплати. Ситуацијата бара дополнително делување, изненадно прилагодување на новите животни прилики. Продолжете со ова темпо, но со помош на Водолии и Стрелец. Можни се лесни здравствени проблеми.
Девица
Бидејќи сте активни, надевајте се на успех. Работата е под контрола, а наскоро ќе биде и партнерот. Чувствувате неопходност за задоволување на емотивен план, па фокусирајте се кон тоа. Посветете повеќе внимание на тековниот живот.
Терезија
Уживате во убави работи, добра храна, друштво и облека. Внимавајте на слатките, бидејќи можат да се јават проблеми со забите, но и со крвните садови. Пожелно е отворено да и' погледнете в очи на вистината. Се откажувате од сите љубовни случувања.
Скорпија
Вложувате вонредна сила за да започнете со нови потфати. Задоволни сте затоа што имате контакти со странство. Моментално влеговте во одличен професионален период, но емоциите се' уште трпат. Не може се да добиете, но не заборавајте дека без љубов нема среќа.
Стрелец
Имате многу желби, а мали можности. Таа состојба може да доведе до незадоволство и општа слабост. Денот ќе го поминете размислувајќи како да ги преминете проблемите. Кога подобро ќе размислите, ќе сфатите дека немате причина за нервоза.
Јарец
Актуелна тема деновиве е работата, затоа размислувајте во таа насока. Имате многу прашања а само еден одговор. Односот со партнерот не е сјаен, бидете трпеливи и избегнувајте ги изливите на љубомора. Пијте повеќе чаеви, ако сакате да останете во добра форма.
Водолија
Прекрасно се чувствувате, весели сте и позитивни. Бидејќи ве очекуваат моменти на блаженство, ќе успеете целосно да им се предадете. Професионалните успеси и' годат на суетата, а на емоциите уште повеќе. Запомнете го овој ден.
Риби
Разумни сте и професионално ориентирани. Продолжете со тоа темпо и ќе видите дека се' ќе биде онака како што можете да посакате. Прифатете соработка со Девица, тие нудат конструктивни предлози. Здравјето може да биде загрозено, внимава��те.