Сафет Адеми
спортски новинар во ТВ Алсат
Наутро станувам во 7 ч., по утринското кафе одам на џогинг, а веќе во 10 часот сум во Алсат М. По направената анализа на работата од претходниот ден, ги започнувам активностите за денеска кои се поврзани со полуфиналето на ЕУРО 2008. Кога ќе завршиме со подготовките, одиме во студио каде што ќе го следиме натпреварот помеѓу Русија и Шпанија.
Билјана Драгичевиќ-Пројковска
актерка
Бидејќи ми завршија сите работни обврски, целосно сум посветена на себе и на семејството. По утринското кафе ме очекува задолжителното дружење со ќерка ми Дарија и со нејзините другарки кои целосно ме релаксираат. Штом залади, одиме на прошетка и, се разбира, на понекоја топка сладолед во некое од скопските кафулиња.
Александар Микиќ
актер
Во претпладневните часови ме очекува проба за претставата „Дундо Марое“. Попладнето се надевам дека ќе ги избегнам жештините, така што ќе се олабавам со добар филм. Вечерта ми е резервирана за прошетка и дружење со пријателите. |