Број 3369  петок, 27 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Македонија

Богородица заштитничка на сите христијани

Снежана Калабакова

Со вечерна богослужба денеска и света божествена литургија утре во сите храмови на МПЦ ќе се одбележува големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Верниците ќе ги посетат храмовите и со целивање на иконата на Богородица ќе и' оддадат почит и благодарност за помошта во маките.

Богородица е заштитница, молитвеница, закрилница на сите христијани и во нејзините молитви таа е заштитница и закрилница и на градот Скопје. Богородица е пример за семејството како мајка, совршенство и пример за доброта, кротост, за смиреност. Таа е пример што треба да го следат сите христијани во својот животен пат за усовршување, односно постигнување живот вечен, бидејќи смртта за христијаните е премин, односно врата од земниот кон небесниот живот. Природните закони се надминати со нејзината смрт и вознесение и затоа празникот се нарекува Успение на Пресвета Богородица.

Голем број цркви и манастири го носат нејзиното име. Во Скопје и во околината тоа се возобновената црква крај Вардар, манастирите во Матка и во селото Побожје, потоа уште еден манастир на Скопска Црна Гора над селото Горњани. Црквата на Водно е посветена на Рожденството на Пресвета Богородица, празник што се слави на 21 септември.

Успението на Пресвета Богородица има големо значење и со него е поврзана смислата на животот, дејноста на Господ Исус Христос на земјата, чија мајка е таа. На овој ден христијаните пред иконата на Света Богородица во знак на благодарност обично даруваат крпи, масло, симболични делови од облека за жените, како што се шамии, чорапи. Утре христијаните ќе ги остават земните грижи и обврски и ќе ги посетат храмовите, ќе кажуваат молитви, ќе водат духовни разговори преку празничен ручек, ќе посетат роднини и пријатели.

Нема две Богородици, таа е една и единствена, само што народот слави два различни периода од нејзиниот живот.

„Кај народот постои Голема и Мала Богородица, но таа е една и иста и немаме две Богородици, туку деновите на празнување се посветени на посебни настани. Утрешниот ден е празник на Успението на Пресвета Богородица, додека празникот што го прославуваме на 21 септември се однесува на раѓањето на Пресвета Богородица на земјата од нејзините родители Јоаким и Ана, кои повеќе години биле бездетни и на старост ја добиле Марија. Името значи измолена, сакана од Бога. Со нејзиното раѓање се исполнува пророштвото од Стариот завет од пророкот Исаија“, објаснува отец Зоран Копчаревски.

Тој вели дека во православната црква секој ден е обележан во чест на некој светител и меѓу поголемите светители е и Пресвета Богородица, која секојдневно се воспева и се велича во дневните богослуженија. Во нејзина чест во текот на црковната година се посветени неколку празници и денови, а таков е и утрешниот ден. Самиот празник е посветен на нејзиното упокојување и нејзиното вознесение на небото.

Според црковното предание, Богородица го завршува својот живот тивко и мирно без никакви болести и страдања и по смртта на нејзиниот син Господ Исус Христос, таа честопати се молела заедно со апостолите Господ Бог да ја земе нејзината душа и да ја пресели на небото. Доживеала длабока старост. За време на една молитва во Леонската Гора, светиот Архангел Гаврил и' се јавил и и' рекол дека за три дни ќе се пресели од овоземниот во небесниот живот. Таа му ја кажала веста на свети апостол Јован, кој, пак, требало да се грижи за неа до крајот на нејзиниот живот. Свети апостол Јован ја објавил веста, која бргу се проширила и сите доаѓале кај Пресвета Богородица да и' оддадат почит додека се' уште е жива. Сево ова се случувало во куќата на светиот апостол Јован каде што Богородица му ја предала својата душа на Господ Исус Христос. Била опкружена со голем број ангели и архангели. Се создал шум и голем облак, а пристигнале сите апостоли да и' оддадат чест. Меѓу нив не бил само светиот апостол Тома, по божја промисла. Тој бил далеку од другите апостоли, бидејќи го проповедал христијанството. Богородица првин легнала на одарот и во тоа време во целосна светлина дошол Господ Исус Христос, а таа станала и рекла: „Душата моја го велича Господа и духот мој се зарадува во него“. Веднаш потоа повторно легнала и заспала.

„Не доживеала таква смрт каква што доживуваме ние, обичните христијани. За нас телото се враќа во земјата, а душата оди кон создателот, односно кон Бога. По три дни, Света Богородица била положена во Гетсиманската градина по нејзина желба, кај родителите Јоаким и Ана. За време на погребението, голем број христијани од Ерусалим и од околните градови и села дошле да и' оддадат почит, а по третиот ден дошол светиот апостол Тома, кој сакал да го види нејзиниот гроб што бил запечатен со камен. Но, сите што влегле со него биле изненадени кога во гробот го нашле само нејзиниот појасот. И во чест на тој настан, исто така, има еден празник“, вели отец Копчаревски.

Кога Пресвета Богородица им се јавила на присутните во својот гроб, во нејзина целосна слава и величина, тогаш тие поверувале дека таа од ангелите божји е воздигната од земјата на небото во придружба на голем ангели и архангели, серафими, херувими и светители. Самото сликање на празникот како настан, на иконата на Пресвета Богородица, кажува за нејзината големина, бидејќи таа е изложена на одар, а околу неа се наоѓаат поднаведнати и натажени апостолите. Над неа е Господ Исус Христос, кој држи дете. Самиот настан, чинот на погребението, има две оски. Првата е хоризонталната на која лежи Пресвета Богородица на одарот и втората е вертикалната каде што е Господ Исус Христос. Тоа е преминот од земното кон небесното царство, односно од земниот кон вечниот живот. Света Богородица е најпочитувана во православниот свет од другите светители, а особено кај нас, во Македонија.


#
Статијата е прочитана 1622 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 27.08.2010 08:26:13
Vo Makedonija vero"naukata" ne vleze vo ucilistata no dobi pocesno mesto vo Utrinski. Bravo!
Од: mihajlo
Датум: 27.08.2010 21:52:28
Ubava statija samo sto steta sto vo makedonija uste se pee na staroslovenski........ i maalku luge razbiraatsti se pee.

Најди! во Утрински
Македонија
Празнување проткаено со пагански обичаи