Број 2719  вторник, 24 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Црковно помирување и обединување

Перо Дамчевски-Коцин, Австралија

Иако сум директно или индиректно вмешан во овие австралиски црковни ујдурми, ќе пробам на најреален начин да ги изнесам моите гледања, без навреди на поединци или поткрепа на една или друга страна. Ова го велам заради доведување или приближување на работите кон едно разумно решавање на црковниот проблем и крај на судските спорови што ги води владиката Петар во име на МПЦ, особено спорот со црквата „Св.Петка“ во Рокдејл, кој спор ја чини нашата заедница тешки милиони долари.

Овде би сакал како појаснение, но и како потсетување на владиката Петар, ако заборавил, кога во 1996 година на редовното изборно годишно собрание во „Св.Петка“- Рокдејл, со кое раководеше лично тој, кога пред собранието пофално се произнесе за Правилникот на „Св.Петка“ и ќе рече цитирам: „Сите црковни општини во Австралија треба да се угледаат на Правилникот на ’Св.Петка‘, навистина е најдобар и за пофалба”. Не знам што сакаше да каже тогаш Петар, го прашувам и него - истиот тој владика, истиот тој Петар, само една година потоа (во 1997 г.) ја втурна токму „Св.Петка“ на суд само поради тој Правилник, кој тогаш толку го пофали, а кој во меѓувреме воопшто не беше изменет.

Дека имало пропусти и од самиот владика, а се разбира и од управите на црквите, тоа го имало, го има и ќе го има тоа, е неодминлива работа. Но, да се доведе целата Епархија во една незавидна ситуација, во еден кошмар, а под водство на еден црковен големодостоинственик, македонски владика, тоа веќе мириса на нешто друго.

Јас стојам на страната на оние кои бараат повлекување на сегашниот администратор, а во замена предлагам да дојде нов, од помладите архијереи во МПЦ и со заеднички сили да застанеме и да си подадеме рака. Да ги урнеме сите бариери и делби, да тргнеме по еден прав пат кој ќе не' одведе на чистина, а со тоа и ќе ги изненадиме непријателите на македонскиот народ, кои, за жал, ги има многу и таму и тука, кои им се радуваат на нашите делби и неслоги.

Ако Синодот на МПЦ застане на здрави нозе и да пресече, со тоа што ќе донесе цврста одлука да се прекинат сите судски спорови, да се покријат сите судски трошоци, да се постави нов архијереј - администратор на овие простори, ќе им ставиме крај на недоразбирањата. Зашто, за жал, морам да нагласам, на повидок се и други нови судски спорови како оној денес на Голд Кост во црквата „Св.Недела” кој штотуку не започнал. Јас лично ги уверувам членовите на Синодот на МПЦ дека овој народ не е толку лош и дека си ја сака својата Мајка Црква и не сака делби и поделби.

Спремен е да си ги плаќа сите црковни давачки по законите на МПЦ како во минатото, а само бара разбирање околу статутот на имотите и не се сложува тапиите на црковните имоти да одат во нечии раце на поединци, оти работите не ни се многу чисти и едноставни. Ова го велам од тие причини и како пример го земам фамозниот „нишки договор”.


#
Статијата е прочитана 1195 пати.

Испрати коментар

Од: goran makesoski sydney
Датум: 24.06.2008 02:26:31
gospodine PDK zosto ne kazuvate deka pred da zapocnat sudovite go izbrkavte svestenikot na ulica samo zatoa sto bese lojalen na eparhijata.barate da se resi problemot a kako uslov postavuvate MPC da gi preskokni svetite kanoni za da gi zadovoli vasite apetiti za vlast .verbata vo boga e vazna a ne tapiite i koj niv gi poseduva zatoa sto ako imate malku verba vo boga ke imate i pocit kon ona sto se narekuva MPC i nejzinite institucii.samo za potsetuvajne od doajgajneto na vladikata Petar se kupeni 7-8 novi imoti i renovirani uste tolku crkvi a vasata t.n. lojalna KOMPANIJA prodade tolku imoti.vistinata e taja koja ke pobedi na krajot a ne vie ili vladkata gospodina PDK.
Од: deko
Датум: 24.06.2008 04:59:59
Go molam avtorot dokolku e vo prilika da ni ja objasni pricinata za ovoj sudski spor sto se soglasuvam go raskaruva makedonskiot narod. Jas ziveam vo sydney i razlicni verzii se vrtat. Pozdrav do avtorot
Од: Angele Gavrilov
Датум: 24.06.2008 05:35:22
Иэгледа дека на владиката Петар уште не му е јасно дека поради неговата неуспешна мисија во Австралија епархијата е наполно во хаос. Но и другата негова епархија, Пелагониската е во хаос со манастирот на неговиот бивш пулен Јован Вранишковски кој е сместен во срцето на пелагониската епархија. Што побрэо се иэбере нов и млад некорумпиран владика ситуацијата во Австралија може да се смири и реши. Владеењето на владиката Петар во Австралиај е со катастрофални последици эа верниците и имотите на црквите.
Од: ZSS - Skopje
Датум: 24.06.2008 08:48:31
Ona sto treba da i se sluci na MPC , ovde vo Makedonija i na sekade vo svetot - e narodot. Vernicite mora da upravuvaat so crkvata, crkovnite narodni sobranija ja vodat crkvata. Taka pisuyva i vo Ustavot na MPC, ama nikako da ni se sluci toa. Transparetnosta i novite procesi na demokratozacija treba da i se slucat na nasata crkva. Svestenicite se samo vraboteni, isto kako sto sme nekade vraboteni, ama ne sme sopstvenici i ne upravuvame so firmite vo koi sme vraboteni. Primerot vo Dracevo, skopsko treba da se sledi. Kolku izbranite upravuvacki tela, ako voopsto ima takvi, imaat uvid vo finansiranjeto na crkvata? Reformi i treba na MPC.
Од: melbourne1
Датум: 24.06.2008 11:27:08
Pozdrav do ciatelite na Avstraliskite lagi. Jas i golem broj na lojalni gragani kon makedonskata vera i nacija predlagame Ico Najdoski(antimakedonskiot krvopiec) da se proglasi za vladika vo ovaa dalecna zemja i ednas zasekogas da si gi zadovolat svoite alcni zamisli.

Најди! во Утрински
Писма
Вода насекаде, вакав гори за една капка

"""