Јулија
пејачка
Денот ми започнува со кафе и со време поминато со семејството. Ќерката Андријана заврши со студентските обврски, а внуката веќе е на распуст, па денот ни започнува крајно весело. Понатаму, имам во план да завршам дел од обврските во кои е вклучен и ангажман на претстојниот фестивал во Тетово. Вечерта ми е резервирана за настап во ресторанот „Чешма“.
Анкица Стојановска
ТВ-водителка
Денот ми започнува многу рано, уште од 6 часот. Обврските веднаш ме насочуваат кон Скај радио, каде што ја водам утринската програма од 8 до 12 часот. Од радио се селам во ТВ Алфа, каде што ќе монтирам неколку прилози кои се веќе подготвени и кои ќе треба да се најдат на програмската шема на телевизијата. Вечерта ми е резервирана за мал шопинг во пресрет на мојот роденден, порачка на торта и кафе со пријателите.
Гоце Макалоски
ракометар
Обврските ми завршија и сега конечно можам да се посветам на приватниот живот. Моментално сум во Прилеп, каде што ќе останам извесен период за да се одморам и да се видам со пријателите. Од 14 јули заминувам на одмор во Турција, така што мислите ми се насочени во тој правец. |