Брoj 2719  вторник, 24 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп



ОВЕН



Некој ќе ви понуди работа која има за цел да ве наведе на правење одредени отстапки. Избегнувајте ги различните видови на уценување или натпреварување кои ви го наметнуваат вашите соработници. Изгледате резигнирано пред партнерот. Имате впечаток дека ви недостасува инспирација, храброст или искреност во однесувањето. Потрудете се повеќе да се активирате.



БИК



Нечија приказна на вас ќе остави негативен впечаток, па следствено на тоа ќе изгледате сомничаво пред новите работни понуди и во друштво на соработниците. Бидете умерени, заборавете на големата амбиција или желба за присвојување на туѓите резултати. Ви значи емотивната наклонетост на партнерот, но паралелно правите многу грешки. Бидете внимателни со начинот на исхрана.



БЛИЗНАЦИ



Вашиот ентузијазам или гордост можат да се разберат на повеќе начини. Затоа, внимателно бирајте ги зборовите кои ги употребувате во друштво на вашите соработници, бидејќи некој сериозно го анализира вашето однесување и работните резултати. Докажете му на својот партнер дека добрата волја и внимание имаат многу поголемо значење од скапите подароци. Зголемете го вашиот оптимизам и позитивно расположение.



РАК



Понекогаш работните случувања ви излегуваат од контрола, но сочувајте ја присебноста во одлучувачкиот момент. Важно е точно да ги дефинирате своите работни цели и да се придржувате до списокот на приоритетни нешта во однос со вашите соработници. Изгледате вознемирено, бидејќи некој ги поместува вашите љубовни планови или договор кој го имате сос саканата личност. За вас е најдобро да остварите психолошка рамнотежа, затоа опуштете се.



ЛАВ

Доколку сте одговорни за тоа што го правите, не дозволувајте да ве поколеба нечија приказна или впечаток. Најважно е да го остварите ветеното во соработката со колегите, дури и ако тоа во прв момент не ви појде од рака. Во средбата со саканата личност подобро е да ја прифатите утешната варијанта, отколку да останете без ништо. Бидете трпеливи и консумирајте диетална и витаминска храна.



ДЕВИЦА



Доколку не ви се допаѓа нечие непрофесионално однесување, размислете на кој начин можете тоа да го смените. Нема потреба да се однесувате надмено пред вашите соработници, туку трпеливо почекајте да се смират негативните страсти. Остриот тон со кој се обраќате и психолошкиот притисок кој го наметнувате, можат да предизвикаат спротивен ефект кај саканата личност, затоа сменете ја тактиката во однесувањето.



ТЕРЕЗИЈА

Ако ви недостигаат доверителни информации за работните понуди, немојте да давате непромислени ветувања, туку побарајте нечие посредување. Проблемите кои постојат можат да се решат на полесен начин доколку некој ви асистира. Вашата појава делува предизвикувачки на саканото лице , што преставува добар љубовен предзнак. Ви годи нечија блискост, па затоа е важно да ја насочите креативната енергија во тој правец.



СКОРПИЈА



Доколку некој ги критикува вашите идеи и однесување, покажете повеќе разбирање или прифатете нечиј совет. Најважно е да го подобрите својот рејтинг или да се прилагодите на соработниците кои позитивно делуваат на вас. Чувствувате емотивна инспирација и нагласена страст во нечие присуство, па затоа слободно планирајте го вашиот љубовен состанок или забава.



СТРЕЛЕЦ



Имате одлична шанса да влијаете на нечиј договор или двојно да ги зголемите резултатите. Потребно ви е само да превземете иницијатива и вашите креативни идеи ќе се остварат на заедничко задоволство. Нема потреба од лажна скромност во друштво на саканата личност, затоа покажете дека блескате во полн сјај во вистински момент. Дозволете си некоја забава во одбрано друштво каде можете да ја акумулирате позитивната енергија.



ЈАРЕЦ



Некој е на пат да го загрози вашиот работно-финансиски интерес, па затоа морате да ја прифатите позицијата која ви ја наметнуваат соработниците. Понекогаш планираните цели се оправдуваат со употреба на одредени средства, но се има своја цена и граница. На заобиколен начин можете да ја остварите својата љубовна намера, но ви недостасува волја да се ангажирате околу блиската личност. Употребете ја својата интелегенција и контролирајте ја напнатоста.



ВОДОЛИЈА



Непотребно влегувате во нечија работна замка и го преценувате своите интелектуални и практични способности. Заради различните несогласувања во договор со соработниците, морате да ги прифатите скромните работни можности. Не сакате кога некој ви наметнува дополнителна обврска, но сепак најважно е да го сочувате достоинството и доброто расположение. Бидете внимателни во сообраќајот и избегнувајте ги стресните ситуации.



РИБИ

Изгледате енергично пред својата околина и затоа ќе остварите важна улога во работните преговори кои ви влеваат чувство на сигурност. Новиот успех позитивно влијае на вашата психолошка и материјална сигурност. Во средбата со сакана личност , слободно превземете ја иницијативата и изненадете го вашиот партнер на некој посебен начин. Искористете го фактот дека се наоѓате во извонредна психо - физичка состојба.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ