Хороскоп
ОВЕН
Напнати сте без некоја посебна причина, па затоа психичкото здравје може да ви биде во криза. Вашето омилено хоби ќе биде вистинскиот лек. Физичката активност сигурно нема да ви биде на одмет, можеби мала прошетка со партнерот или пријателите.
БИК
Ве очекува успешен ден во сите полиња – дури и на финансиско. Љубовта и работата ги решивте набрзина, па сега ќе треба малку повеќе време да посветите на финансиите. Мислете рационално, имате решение за секаков проблем.
БЛИЗНАЦИ
Се нервирате премногу. Бидејќи одредена ситуација бара поголем напор, а вие не сте спремни да се жртвувате, ќе морате да се соочите со деликатен проблем. Бидете објективни спрема себе и сфатете дека се впуштате во проблем за кој се' уште не сте дораснати.
РАК
Напнати сте и нервозни без никаква причина. Не барајте го проблемот во другите, напротив, тој пред се', е во вас. Се бунтувате и сакате да правите збрки и онаму каде што се најмалку потребни. Можеби ви е премногу досадно. Бидете претпазливи со партнерот. Тој денеска нема да ве толерира.
ЛАВ
Денеска посебно е нагласена желбата за доминација. Околината ќе се обиде да ве ескивира доколку претерувате со својата ексцентричност и агресивност. Свесни сте за своите квалитети, но тоа не значи дека треба им се наметнувате на другите. Можни се проблеми со една Скорпија која е потврдоглава дури и од вас.
ДЕВИЦА
Положувате надеж во некои неизводливи работи, па не е ни чудо што никако не можете да ги остварите. Упорно се нервирате поради тоа, но продолжувате со своето. Смалете го апетитот. Девица сте, способни сте за многу повеќе.
ТЕРЕЗИЈА
Упорни сте, а сето тоа ќе ви се исплати. Моментално решавате животен проблем, кој веќе подолго време ви задава главоболки. Иако материјалната состојба се подобрува, морате да бидете рационални со трошењето. Парите ги трошите многу побрзо отколку што ви наложува ситуацијата.
СКОРПИЈА
Вредно работите, а тајната на успехот ја чувате само за себе. Многу сте коректни со своите соработници. Кога ќе се постави прашањето за престижот, вешто ги криете своите адути. Имате право на таен рецепт за успех. Партнерот и пријателите ве доживуваат како доминантна лично��т.
СТРЕЛЕЦ
Морате да соберете храброст за да се соочите со животните предизвици. Во прашање се големи ризици, но само така може нешто да добиете. Морате да се потпрете на луѓето околу вас, иако не го сакате тоа.
ЈАРЕЦ
Се укажува на фактот дека често умеете да бидете мазохист. Иако се противите на тоа, никој неможе да трпи притисок толку долго. Како да немате свое јас и никако не можете јасно да кажете што точно ве мачи. Отфрлете го незадоволството од себе, макар и со некаква караница.
ВОДОЛИЈА
Ситуацијата бара соодветно приспособување, она што најмногу го мрзите. Отсекогаш сте се обидувале да се извлекувате од просечноста и од баналноста. Во средината во која работите важите за иноватор, па очекувате да се прифатат вашите идеи.
РИБИ
Следува реализација во многу полиња. Работата и вашата финансиска ситуација ви е на прво место. Доколку не сте задоволни со постигнатото, тоа значи дека немате доволно одлучност. Понекогаш морате да им се наметнете на другите за да можат да ве забележат и да ве ангажираат.
|