Што прават денеска
Билјана Беличанец-Алексиќ
актерка
Денеска во МНТ треба да одиграм две претстави „Дедо мраз и пријателите“, со која ќе се потрудиме на најмладите да им го направиме помагично доаѓањето на Нова година. Што се однесува до мене, новогодишните празници ќе ги искористам за да се одморам убаво и да бидам повеќе време со моето семејство.
Александра Пилева
пејачка
Денешниов ден ми е исполнет со подготовки за утрешните настапи, кога речиси цел ден имам настапи со кои се дочекува Новата година. Утре претпладне настапувам на новогодишната програма на Општина Карпош, па патувам за Битола, каде што вечерта и Нова година ќе ги дочекам со настап на битолскиот плоштад.
Дивна Пешиќ
стреличарка
Пред два дена се вратив од Германија и моментално сум кај родителите во Кавадарци. Пристигната е и сестра ми, која живее во Германија, па празнициве се убава можност за семејно собирање. Се' уште немам одлучено каде ќе бидам за новогодишната ноќ, но секогаш најубаво се поминува кога одлуката доаѓа во последен момент. |