Број 3402  петок, 08 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Анализа
Вести








Site Meter
Писма
За што (не)станува збор? Врховизам.

Наум Николовски, Кавадарци

Се' тече, ништо не се менува. Рефренот е познат, познати се и актерите, не се разјаснети само последиците за иднината и опстојувањето на државата. Добро проектираниот концепт на владејачката гарнитура си функционира – политички периодично добро испланираните бранувања, како покритие на суштинските прашања од витален државен интерес.

Наместо континуитет на приближувањето кон ЕУ имаме нови афери. Еве деновиве и настаните околу настапите на претседателот на државата (и најавените и откажани на премиерот) се сведоа на патриотски говор во ООН, (како на конгрес на ВМРО) и неостварени средби, поврзани со разговорите за името. Претстои и се очекува извештај на Европската комисија.

А јавноста ќе се сети, претседателите на нашата држава Глигоров и Трајковски имаа средби со највисоките функционери во САД, а поранешниот премиер Бучковски лична средба со претседателот Буш во Белата куќа.

Централна преокупација, со што се занимава цела држава, сега е лустрацијата. Токму кога требаше се уфрли шпекулацијата, дури и од претседателот на државата, за наводната покана до Црвенковски и тогашната Влада со предлог за решавање на спорот со Грција во 1995 година. Се вмеша и Дорис Пак, се покажа дека е скандалозна лага. Потоа се' се заборава…

Името стана параван за застојот во реформите и воопшто за ангажирањето за животните прашања.

Кој сега сериозно помислува на лидерска средба… Во нашава држава лустрацијата се претвора во политичка пресметка со неистомислениците и институциите, кои се' уште не се партизирани спрема теркот на оваа Влада.

Нашиот премиер наместо во Њујорк, во Карбинци и повеќе локации за отворање улици, зарамнети игралишта, месечно одржува дваесетина брифинзи за се' и сешто. Демек со народот и за народот. Па, сега и по неговата најава, единствениот функционер во државата, кој треба да биде лустриран е претседателот на Уставен суд. Не е прв пат и надвор од уставните надлежности на Владата и на Уставен суд.

Еве го и континуитетот: уривање на Уставен суд, на Антикорупциска комисија, следува Народна банка и гувернерската функција. Најавена е редукција на функциите на претседателот Иванов во сферата на државната безбедност. Најавите за пописот веќе ги следат забелешки и критики… Укинување на самостојноста на институтот за Судска медицина и негово внесување под капа на МВР… Најавена постапка за одземање на целиот имот, легален недвижен имот на Сојузот на борците…

Наместо темелна и аналитичка ревизија на надворешната политика, која, најблаго речено, земјата континуирано ја турка во изолација, спротивно на плебисцитарните определби за членство во НАТО и во ЕУ. Најкритикуваниот застој и последици во нереформираното судство и притисокот на извршната власт. Дури и премиерот и претседателот на Судскиот совет поднесоа измени во Уставот, да се оневозможи дејствувањето на министерот Маневски во Судскиот совет, со оцена дека е притисок. Повеќе од 50 отсто од судиите во независната анкета го констатираа тоа.

Се прашал ли некој која е идеолошката платформа на ВМРО-ДПМНЕ? Оваа држава се турка надвор од евроатлантските интеграции.

Само еден обичен читателски редослед на главните реперни точки на тековната политика на оваа Влада, колку што е можно на овој простор, од нејзиното доаѓање.

- Специфичен консензус во државата и враќање на амбасадорот Љупчо Јордановски од САД (нашиот најголем поддржувач) поради лични и партиски интереси.

- Состав на Владата без ДУИ, која освои мнозинство кај албанскиот електорат. Па, блокада на Собранието, речиси една и пол година.

- Минимизирање и елиминирање на историската вистина за НОБ и антифашистичкиот карактер на револуцијата. Настојувања да се обезвредни токму периодот на македонската држава од 1945 година наваму.

- Вонредни избори, влегување на ДУИ токму кога требаше да се работи на обврските за ЕУ-интеграциите и името.

- Точно темпирана антиквизација, сериозен удар на идентитетот и свесна поделба на народот. Александризација на аеродроми, стадиони. Небулози – св. Павле, Македонци, Хунзи…

- Проекти без елементарна регуларна постапка – „Скопје 2014“, елементарно непочитување на Уставот и на определбите на граѓаните.

- Перманентна партизација на институциите во сите области. Наместо реформи во здравството, растурање на Клинички центар, во образованието несфатлива дисперзија на факултети во малите места низ цела Република, удар врз универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

- Сменувањето на нашиот преговарач за името, оставка на потпретседателот за ЕУРО-интеграции, притисок да си оди евроамбасадорот Фуере, беа константа во процесот на преговорите.

- Перманентно намалување на буџетот и на опремата на армијата, спротивно на обврските и на програмите поврзани со членството во НАТО.

- Не се о��твари ниту еден консензус на политичките фактори на државата и Владата, по ниедно прашање од државен интерес. Дури се одби и резолуцијата предложена од Стојан Андов околу стратегијата за името (иако ВМРО-ДПМНЕ даде и му беа прифатени сугестии во подготвувањето).

Па, што е алтернатива на сето ова?

Наскоро во музеите покрај Вардар се враќаат и на големо ќе се рехабилитираат Ванчо Михајлов и Тодор Александров… Деновиве во Бугарија јавно се избришаа од списокот рубриките Македонец. Сте слушнале ли и една буква реакција? Ништо не се слуша, ништо ни околу постојниот „Договор за пријателство“, во кој се заговараа ревизија и негирање на фашистичката окупација, јазикот, националноста…

А добро се познати доктрините на ВМРО - десничарско терористичко.

Македонија автономија, без Македонци. Со македонски Бугари. Денешното ВМРО, ова со предзнак ДПМНЕ, се декларира како десничарска партија. Кон какво десничарење се турка земјата?

#
Статијата е прочитана 940 пати.

Испрати коментар

Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 08.10.2010 12:12:30
Poleka se svestuva narodot.... Ne deka se SDSM svetci, no koga se oni na vlast, ne se doveduva vo prasanje opstanokot na drzavava. Od druga strana, sekogas koga e VMRO na vlast, bezbednosta se doveduva vo prasanje. Da ne zboruvame za diletanstvoto i primitivizmot na portokalovive kmeri....i Felix kje se slozi deka segasnive vmrovci se totalni diletanti za se....nadvoresna, vnatresna politika, ekonovija, megjunacionalni odnosi, NATO, EU, (Ne)kultura (ili kich, kako vi e pozgodno), generalna partizacija vo sekoja pora od opstesvoto.....ova go nemalo ni vo predvoena Germanija nitu vo SSSR. Vladeenjeto na Pastirov nalikuva na rezimite na crvenite kmeri, Kina vo vremeto na kulturnata revolucija, Severna Korea, Talibanski Afganistan..... I posle Grcite ni bile krivi....ili BC......
Од: Од Мирко
Датум: 08.10.2010 13:14:59
Се е убаво наброено и вистинито,што јаотсликува вистинската стратегија на десниот пат на партијата ВМРО ДПМНЕ. Јас се прашувам; зошто во Македонија нема партија на Бугарите? Нерма ли бугари или си нашле соответно партиско организирање и немаат потреба од издвојување????
Од: tihi
Датум: 08.10.2010 13:29:23
Kako sto mi izgleda od pismovo ,ti bi gi proteral i niv i tie sto glasaat za niv ,za da go ustolicis vecniot i nikogas neprezalen Branko.Za da bides srekjen.
Од: b
Датум: 08.10.2010 14:01:07
Сосема се точно и на место!
Од: todor
Датум: 08.10.2010 15:04:56
Само да има некоја овца да те прочита и да те разбере. Ние Македонците добро го знаеме тоа само не го сваќаат овците.
Од: nacional-patriot
Датум: 08.10.2010 17:18:26
Toj dogovor za prijatelstvo ponuden od Sofija,ovaa vlada go odbi,a istaknatiot funkcioner od SDSM Buckovski kako da go prifati,a od SDSM nemase rekcija.Dali SDSM ovoj los predlog od Sofija go prifakja?Spored odnesuvanjeto na Buckovski,ovoj dogovor e prifatliv za SDSM.Za razlika od SDSM,ovaa segasna vlast gi otstrani vrhovistite od partijata.Treba i SDSM toa da go napravi.

Најди! во Утрински
Писма






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia