Хороскоп
ОВЕН
Добрата состојба продолжува, па затоа функционирате по инерција. Бидејќи случувањата имаат позитивен карактер, така се чувствувате и вие. Уживате во сами себе и затоа не и' пречите на околината. Потрудете се својот талент да го материјализирате. Имате поддршка од партнерот и од вашиот круг пријатели.
БИК
Бидејќи сте свртени со вниманието кон надворешниот свет, во периодов ќе функционирате одлично. Не се оптоварувајте со околината, ниту со нејзините ставови. Партнерот е шокиран од вашето добро расположение, но се прашува до кога ќе трае. Познавајќи ја вашата променлива природа сите нешта ви стануваат здодевни.
БЛИЗНАЦИ
Се' е во знакот на пријателски и успешни контакти. Со Овните добро функционирате, бидејќи ви одговара нивниот темперамент. Бидејќи витално сте зајакнати, ќе настојувате да ги завршите многуте останати обврски, а притоа нема да ја штедите својата енергија.
РАК
Успесите постојани ве следат на секое поле. Се чувствувате здраво, бидејќи сте задоволни од моменталниот период. Ве очекуваат признанија и на професионално поле, бидејќи сте вешти во работата со комуникацијата и со луѓето. Прифатете ја понудата за работно место и нема да зажалите.
ЛАВ
Убавите случувања може да го поттикнат вашето расположение во позитивна насока. Уживате во секој момент, бидејќи добивте понуда што многу ви значи. Бидејќ�� моментално ве интересираат парите, прифатете ја понудата за дополнителен хонорар. Парите ве стимулираат и ви го подобруваат расположението, особено овој период.
ДЕВИЦА
Доколку во периодов не сте имале кавга со некој што е во знакот на овен, на вистински сте пат да имате успех во работата. Многу оган со различен интензитет би требало да ве стимулира за да постигнете солиден успех. Меѓутоа, внимавајте да не се изгорете, бидејќи секогаш не можете сами се', потребна е помош и од соработниците.
ТЕРЕЗИЈА
Вашите размислувања се свртени кон љубовта, уметноста, работата, децата и се' она што ви предизвикува задоволство и радост. Само срамежливоста и несоодветното однесување можат да ви ја променат хармонијата на вашиот биоритам. Водете сметка за лицата со кои комуницирате да имаат почитување кон вас.
СКОРПИЈА
Бидејќи морате да се навикнете на новите начини на живот, направете го тоа што побргу. Размислувањето и двоумењето можат само да ви пречат во донесувањето на нова одлука. Сепак, се чувствувате добро, бидејќи немате големи тешкотии што не може да се решат. Внимавајте на исхраната и не претерувајте.
СТРЕЛЕЦ
Сериозно согледајте ја ситуацијата и реагирајте најдобро што знаете. Не е пожелно да се повлекувате во себе, бидејќи така никогаш нема да знаете до каде може да одат некои работи. Соочувањето со проблемите на блиското лице тешко го поднесувате, па постои опасност и вие да се најдете на удар на вашето здравје.
ЈАРЕЦ
Се занимавате со необични проблеми. Една од причините за таквото расположение е недостатокот на енергија или чувството дека се плашите непотребно. Станува збор само за субјективно гледање на работите, па од таа причина наскоро ќе сфатите дека станува збор за заблуда. Обрнете внимание на љубовта и на односот кон партнерот.
ВОДОЛИЈА
Непланираните случувања ќе ви го променат животниот ритам. Не бунете се, туку подготвено прифатете ги промените и потрудете се да уживате во нив. Здравствената ситуација ви се подобрува и кога малку подобро ќе размислите свесни сте дека здравјето било нарушено поради вашата субјективна природа.
РИБИ
Во главата ги замислувате настаните и сметате дека сами сте виновни за лошите погледи од страна. За да се смирите треба да сфатите дека тоа не е точно и оти наскоро вашите соработници ќе се уверат во тоа. Во крајна линија не мора сите да ве сакаат и да ви се восхитуваат.
|