Број 3402  петок, 08 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Анализа
Вести








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Вера Јанковиќ

водителка

Веќе втор ден сум целосно во „филмот“ на „Макфест“. Денот е преполн со обврски, слатки и весели, чиешто финале за денес е директниот фестивалски пренос на Канал 5. Утре, повторно со македонската публика ќе ги споделиме песните што влегле во финалето преку ТВ-екраните. Музиката, тоа е нашата мисија!

Душко Георгиевски

адвокат и пејач

Денот започнува со договорените средби со странките во мојата адвокатска канцеларија, па ме очекува и едно судење. Попладне, ручек и одмор во домашен амбиент, а вечерта е предодредена за мојата паралелна професионална преокупација - музиката. Вечерва настапувам во „Македонска куќа“.

Лилјана Корубин

модна креаторка

Овој месец сум преокупирана со организацијата на големата изложба на мојот сопруг Рубенс Корубин, чиешто отворање е планирано за 3 ноември, во КИЦ. Паралелно со подготовката на каталогот и фотографиите за изложбата, не ги пропуштам модните настани во Скопје, а работам и модели за една хуманитарна ревија.


#
Најди! во Утрински






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma