Брoj 2741  сабота, 19 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп



Овен

Давате максимум од себе, но бидејќи знаете дека тоа води до решавање на проблемите, не ви е тешко. Се советува внимание доколку решавате емотивни проблеми. Ве нервира однесувањето на партнерот, доколку сакате да го пребродите тоа насочете се кон работата.



Бик

Можете да се покаете поради наглите изливи на нежност и искреност. Но, што да правите кога тоа е посилно од вас. Оптимизмот владее на сите полиња. Крајно време е да почнете да работите нешто, парите нема да ви паднат од небо.



Близнаци

Очекувајте пријатни вести и дружете се со ведри луѓе. Се трудите да бидете на иста бранова должина со партнерот, но ништо конкретно нема да постигнете. Затоа, насочете се кон работата и ќе постигнете одличен успех. Внимавајте на здравјето.



Рак

Исклучително успешен и креативен ден. Бидејќи сите аргументи се на ваша страна, успехот е неминовен. Проблем може да се јави во вид на емотивна расправија и нервирање. Очигледно ги преценивте своите психофизички способности, па сега сите ви се виновни.



Лав

Се трудите да најдете рамнотежа помеѓу работата и приватноста. Врската со јавниот живот може да биде интензивна, а партнерот љубоморен. Ќе бидете во можност да контактирате со некого во странство. Можни се проблеми со имунитетот.



Девица

Професионалните нервози и застои се знак дека треба да направите краток одмор и да посветите повеќе внимание на партнерот. Потрудете се да внесете повеќе нежност и топлина во својот љубовен живот. Не преземајте никакви радикални чекори кога е во прашање работата.



Терезија

Искористете ги обврските кои бараат поголеми ангажмани. Потрудете се да ги задоволите барањата на околината. Можни се проблеми со грлото, користете алтернативна медицина. Веќе утре се' ќе биде в ред. Се нервирате бидејќи партнерот ги игнорира вашите потреби.



Скорпија

Ве окупираат обврски, но денот е поволен за склучување на договори и размислување за тоа. Поседувате зголемени ментални способности, ќе избегнете непријатни ситуации. Слободните моменти поминете ги со работи кои ги сакате. Книжевноста е на прво место.



Стрелец

Слободните моменти искористете ги за занимавање со хоби. Задолжително шетајте покрај вода, таа ќе ве поттикне да размислувате повеќе , па ќе бидете на праг на создавање нови животни дела. Ако сакате да имате повеќе енергија , олабавете се.



Јарец

Се' правите за да ги расипете односите со партнерот, па не е ни чудо што имате љубовни јадови. Разочарувањата имаат причина, а покрај тоа тие се наоѓаат и во вашата природа. Не сте подготвени за компромиси, а уште помалку за промени.



Водолија

Во прегратките на партнерот доживувате незаборавни моменти. Смислата за уметничко докажување е зголемена, надевајте се на успех. Уживајте во неповторливите моменти на среќа, но чувајте ги парите, на повидок се големи трошоци.



Риби

Полни сте со енергија и разбирање. Имате љубов на претек, затоа и несебично ја делите. Саканото лице е прво на тапет и со него правите заеднички планови. Решивте во новата година да влезете така што ќе внесете темелни промени.
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ