Досие секс
Секој трет маж е неверен во бракот
Каде, кога, колку често и со кого? Познатиот германски весник „Ди велт“ ги има одговорите, составени во список со 222 факта врзани за сексот
- Врвот на клиторисот има околу 8.000 нервни завршетоци - повеќе од каде било на друго место на телото. Во споредба со него, пенисот има само 4.000. (Cosmpolitan) - Мажите што помагаат во извршување на домашните работи имаат подобар секс. (Универзитет Riverside) - Предиграта во просек во Германија трае 18,5 минути, околу една минута подолго отколку вистинското водење љубов. (Durex) - Деведесет отсто од жените глумат оргазам. (Charite) - На 79 проценти од Германците им е непријатно да зборуваат за секс. - Една добра вест: само еден процент од луѓето што ги посетуваат порно-сајтовите на Интернет стануваат зависници. - Шеесет и три проценти од германските мажи уживаат да слушаат кога други лица имаат секс. (Максим) - Мажите што пијат еден и пол литар сок од ананас произведуваат слатка сперма. - Една од четири жени е неверна барем еднаш во својот брак. Кај мажите процентот е повисок - еден од тројца мажи изневерува. (Review of General Psychology) - Секој петти веќе имал афера со некој колега од работа. (Gewis) - Четириесет и четири отсто од двојките се изјасниле потврдно за секс во јавност. (Das eine) - Само 60 проценти од женетите мажи носат бурми. - Дури 53 проценти од германските жени поседуваат сопствени порно-филмови.
- Најмногу кондоми се продаваат во јули и во август. (The Book pf Sex Lists) - Шеесет и три отсто од Мексиканците се задоволни со својот сексуален живот. Во просек, само 44 отсто од другите националности може да го кажат тоа. (Durex) - Австралија има најголем избор на вибратори. Најдобро продаваните се нарекуваат „бани“. (Durex) - Американската компанија „Unilever“ праша 1.000 жени колку долго би се откажале од сексот во замена за плакар полн со нова облека. Мнозинството одговорија - 15 месеци. - Жените што спијат со жени доживуваат почесто оргазам за разлика од оние што спијат со мажи. - Која е тајната за успешна врска? 91 процент од анкетираните одговориле дека тајната е во тоа што по повеќе години заеднички живот се' уште го сметаат својот партнер за атрактивен. - Дванаесет отсто од Германците размислуваат за некој друг додека имаат секс. (Durex)
|