Број 3253  петок, 09 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

СОС-селото го одби часовникот на Тодоровски

Понудата на директорот на УБК оценета за непристојна

Даниела Трпчевска


Часовникот „ибло“ на директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски, место во СОС-детско село, ќе заврши во рацете на експертите за индустриска сопственост, што ќе утврдуваат дали е оригинал или фалсификат. Доколку се потврди дека е реплика на познатата швајцарска марка „ибло“ на фамозниот часовник му се заканува уништување. Ваквиот расплет на работите доаѓа по завчерашниот разговор што првиот човек за јавна безбедност го имал со надлежните во СОС-детско село. Откако ги информирал за своите намери да го донира часовникот, за кој се крена голема врева во јавноста, добил одговор дека ним повеќе им се потребни пари отколку часовник.

„При завчерашниот разговор директорот бил информиран од надлежните во СОС- детско село дека е посоодветно да им даде парична донација отколку часовник. За тоа колкава ќе биде донацијата и дали ќе стане збор за пари или за друга помош, дополнително ќе се договара, со цел да им се помогне на децата згрижени во селото“, вели Иво Котевски, помошник-министер за информирање во МВР.

Дека им била понудена донација од страна на првиот човек за јавна безбедност потврдуваат и од СОС-детско село. „Ние разговаравме за таа тема и околу можноста за реализација на донацијата. Притоа се договоривме СОС-детско село да добие средства или друг вид донација во вредност на часовникот“, вели Јулијана Гапо, национален директор на организацијата СОС-детско село -Македонија. Таа додава дека во разговорот не е прецизирано колку ќе изнесува донацијата.

Во СОС-детско село во моментов се згрижени 84 деца на возраст од четиригодишна до 18-годишна возраст. „Функционирањето на селото се обезбедува преку интернационални спонзорства и домашни донации, што ги има во мал процент, така што секоја помош е добредојдена“, објаснува Гапо.

Откако Тодоровски не успеа да го подари својот часовник „ибло“, како што дознаваме, тој вчера го спакувал во плик и заедно со придружно писмо го испратил до владиното Координативно тело за заштита на интелектуалната сопственост.

„Експертите ќе треба да утврдат дали часовникот е оригинал или фалсификат и да одлучат што ќе прават со него. Нивна е одлуката дали ќе биде уништен, доколку станува збор за фалсификат“, велат во МВР.

Експертите за индустриска сопственост сметаат дека по редот на нештата, доколку станува збор за реплика купена во кинеска продавница, таа треба да се уништи, а не да се продава или да се подарува.

„Прво треба да се утврди дали часовникот е оригинал или фалсификат. Доколку е фалсификат треба да се заплени, а не да се подарува. Но, тука и е моментот дека нема прекршок доколку некој одлучи да го подари часовникот, оти тој не го продава и не заработува, туку е негова лична сопственост и може да прави што сака со него“, објаснуваат експертите по индустриска сопственост.

Часовникот што директорот за јавна безбедност Љупчо Тодоровски го носеше на левата рака се забележа на фотографија во последниот број на неделникот „Глобус“, што го поистоветува со познатата швајцарска марка часовници „ибло“. Според неделникот, оваа варијанта на спортско елегантен часовник за сите прилики чини околу 25 илјади долари, а најевтината варијанта со попусти може да се добие за околу 19 илјади долари.

Прашањето како државен службеник во МВР може да си дозволи вака скапоцен часовник, дали го пријавил во својот имотен лист и многу други дилеми предизвикаа голем интерес во јавноста.

Тодоровски со соопштение објасни дека станува збор за подарок од семеен пријател, кој за него има поголема емотивна отколку материјална вредност. Дали најкоментираниот и најпосакуваниот часовник во македонската јавност ќе заврши како експонат или ќе биде уништен како фалсификат деновиве ќе одлучат експертите за интелектуална сопственост. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 3229 пати.

Испрати коментар

Од: meri
Датум: 09.04.2010 00:38:08
ova e najnepristoen predlog. bez cuvstvo. nevesto beganje. neotesanost.kaj li ziveeme.?? ne mozeme dostoinstveno da odrabotime nitu edna rabota. se sramam
Од: oceski-mavrovo
Датум: 09.04.2010 00:43:38
neli bez razlika dali nesto e kupeno ili ti e pokloneto, sepak toa spaga vo imot na posednikot i kako imot treba da se prijavi oti ako ne se prijavi sleduva kazna. na red e antikorupciska da se dokaze. vo sprotivno i koli i stanovi i sto li ne ce izleze deka se podaroci od rodnini i prijateli i demek nikomu nisto a. e taka ne e spored zakonot.
Од: Македонија
Датум: 09.04.2010 00:45:08
Во Македонија не смее никој посебно да се истакнува.Некој му љубомори на нашиот Елиот Нес.Јас сметам дека ако веке е подарен часовникот треба да се задржи,па бил оригинал или копиа...а зарем е тоа важно.Најважно во случајов е дека некој му љубомори на Љ.Тодоровски..Треба да бидеме горди што имаме способни и убави Македонци.Позз
Од: 0o0
Датум: 09.04.2010 04:06:13
Sto spetkarosi se ovie sdsm...baraat carki i otvaraat "aferi" kade gi nema...pa sto ako e falsifikat nekoj mu go podaril i tuka zavrsuva celata prikazna....Sto loso napravil covekov dali ukral nesto dali falsifikuval nesto dali izlazal nekogo...Aman dobil replika casovnik ......
Од: viki
Датум: 09.04.2010 07:45:01
ne mozam da razberam,ako e casovnikot kopija kako moze da go donira ikade moze da se prodade kopija.dali togas kje treba od sos seloto da odgovaraat za nelegalna prodazba?navistina sramno ,ponizuvacki,licemerno...........
Од: Moris
Датум: 09.04.2010 08:30:15
Slusam deka i pari z akupuvanje odela im sleduvale vo visina od edna prosecna plata. Moze od ti epari si kupil direktorot. Ovie od Voena sluzba i ovie od UBk i Agencija za razuznavanje dobivale paricki drzavni za odela i to abilo so zakon propisano .Taka se zbori na ulica Makedonija deka i SDSM i VMRO taka praele doterani da im bidat sluzbenicite. Treba da se istrazuva i ovaa pojava. Zalna Makedonija...
Од: Ајван Доктор®
Датум: 09.04.2010 08:37:46
Историско Не! :) Туку ме ��нтересира,ако може Среќко Pussy-cat да ми објасни, како може Државни институции да донираат средства?! Што е тоа што тие го Произведуваат и каков Профит создаваат,за да може да бидат донатори? Или,туѓите (Буџетски) парички се најслатки кога ќе се исперат? Се надевам дека вработените во МВР и Владата ќе Имаат Доблест и ќе се откажат од Една Своја Месечна Плата во корист на Децата од СОС-детското село! Би било прекрасно кога примерот би го следеле и оние Шуши во Збирштината (наречена Собрание)што постојано сурфаат на Фејсбук,додека траат седниците, преку привилегирано купените(или поклонети) Лаптопи! Маченце, Јави се, да ги одбраниш!
Од: gjoko bugarija
Датум: 09.04.2010 08:48:22
So shto se zamarate vie vo Makedonija, ne ste normalni.Celata drzhava e u k...c, vie ste se fatile za chasovnikot.Malogragjanska rabota.
Од: TRAJANKA
Датум: 09.04.2010 09:01:17
Na Lupco Todorovski vo idnina mu posakuvam da nosi ROLEKS . Da ne bese casovnikot vo prasanje nikoj nikogas ne bi cul za nego . Sega mozi i Lejdi Gaga da mu pozavidi na popularnosta .
Од: zoran
Датум: 09.04.2010 09:25:11
So ogled na pozicijata na koja se naogja, otkako izleze aferata vo javnost, Ljupco imase moznost da nabavi nov falsifikat Iblo, a svojot original prikazan vo Globus da si go zadrzi za sebe. Koj moze da znae dali caosvnikot koj go predal vo Zavodot e istiot so toj na slikata?
Од: retro
Датум: 09.04.2010 09:29:02
Vo tekstot ima tolku mnogu nelogicnosti od strana na "novinarkata" da i eden osmoodelenec bi mozel da se iznasmee.
Од: analiticar
Датум: 09.04.2010 10:04:03
Banditot saka da se ispere. Pri smena na vlasta megju prvite ke odi vo zatvor za celiot kriminal sto go pravi vo MVR ovie 4 godini.
Од: jas
Датум: 09.04.2010 11:38:49
sto e tolkava fama za casovnikov be??? kolku pari i fabriki ukradoa!!!! casovnik.. smesni ste!!!
Од: kole
Датум: 09.04.2010 11:41:46
Vaka ispagja.... Koj ima rabota so droga, toj ke nosi HUBLOT..... pa makar i od koja bilo strana na zakonot da raboti........
Од: кизо
Датум: 09.04.2010 12:33:10
Го добил како поклон од семеен пријател, како сто разбрав. Поклон од таков тип мора да е ептен пријател и ептен фамилијарен да сум јас во прашање би се бранел со сите сретства. Колку брго се откачи од него фрла сомнеж во цела приказна. Како го откачил тоа е друга пародија.А бре Македонче!!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Крвав судир меѓу северот и југот на Киргистан
Зденко
Преубаво ни е името...
Традиционални семејни смешки
Еден подарок, многу проблеми
Судскиот совет бара Дума да не доаѓа на работа
Остануваме во земјава
Музика што го третира урбаното живеење и технологијата
ДЕЈВИД БЕКАМ Принуден на секс петпати дневно
МНР си ги јаде кадрите
Скандал во Хрватска – списокот на бранителите во јавност
Иднината низ 3-Д очила
Крематориум на добрите идеи
Секој трет маж е неверен во бракот
Втора мајка за изградба на Менхетен во Аеродром
Два во еден
Грците панично ги извлекуваат парите од домашните банки
Не постои алтернатива за сништа
Уставните измени западнаа во ќор-сокак
Претседавањето во Стразбур го отвори прашањето на именувањето