Предупредувачки аманет на македонскиот национален мислител
Преубаво ни е името за да ни го остават. Блаже Конески
Оваа јанѕа на националниот македонски мислител Блаже Конески не е злокобно пророштво на еден од најголемите македонски дејци на 20 век. Тоа е предупредувачки аманет. Тоа е горчлив екстракт исцеден од наталоженото вековно страдање на македонскиот народ преточен како пелин низ дамарите и душата на ингениозниот Конески кого Македонците допрва ќе го откриваат. Тоа не е библиско претскажување или реквием за исчезнување на една држава и на еден народ кои поетот-гениј ги опеал за сите времиња. Тоа е пискот на таткото на „Тешкото“, на таткото на јазикот наш современ, литературен и насушен. Тоа е лелек на човекот што кажа: Јазикот е единствена наша комплетна татковина. Таа е безвременската порака на еден гигант. Тоа е опомена до идните генерации за историската одговорност, мудрост и храброст да го зачуваат татковото и мајчиното наследство. Да се зачуваат себе си.
Конески, секогаш внимателен, воздржан во јавните изјаснувања, силно чувствителен на злоупотребите на неговото творештво од страна на дневната политика, ги презираше сите обиди за негова одбрана од нападите и навредите што уследија врз неговата личност и дело по прогласувањето независна и самостојна Република Македонија. Македонската демократска пролет, покрај големите промени и надежи, за жал, донесе и тежок национализам и примитивизам. Поточно кажано го направи лесно видлив. Тоа на своја кожа го почувствува и Конески, кога новите првоборци јавно го нарекуваа Коњевиќ и препишувач на српската азбука. Последните години од својот живот со видлива потиштеност Конески меѓу своите пријатели го искажуваше своето стравување за иднината на Македонија. Тоа најмалку го правеше поради големите тектонски историски промени со кои се соочија земјите што ја сочинуваа Југославија, а уште помалку поради независноста на Македонија, која сестрано ја поддржуваше. Му немаше рамен во длабинското читање на душата на Македонија... Алем-камен е тој во дијадемата на нашата нација, ќе запише за Конески големиот македонозналец Гане Тодоровски. Сомнежите на Конески, неговите несоници и бдеења над Македонија го обземаа не само поради тоа што брзо ги препозна старите интереси во нови пакувања на силните и моќните држави што ја креираат светската политика, туку затоа што добро ја знаеше слабата отпорност на домашните политички водачи.
Обидите да го бранат од нападите ги дочекуваше со цинизам: Аман не бранете ме мене, бранете се себе. Не ме напаѓаат мене. Го напаѓаат нашиот јазик, нашиот идентитет. Така зборуваше Конески. На еден од неговите брилијантни јавни настапи на 1.100-годишнината од одбележувањето на делото на св. Климент и Наум ќе ги изговори зборовите кои се' уште не допираат до новите преродбеници, но, по се' изгледа, и до многу негови следбеници. Иконите на св. Климент и св. Наум во охридските куќи под кои нашите мајки ги палеа кандилцата со елбасанско газие ги зачуваа македонската нација и македонскиот јазик. Тие икони и кандилца и тивкото крстење на нашите предци пред нив се духот на Македонија и македонскиот народ зачуван низ вековите на негација и туѓо владеење.
Во новото време Конески можеби прв препозна нови обиди за попречување на Македонија на нејзиниот пат кон слободно и современо општество. Денеска кога лека-полека го внесуваат во музејот на заборавот и го препуштаат на амнезијата пред наездата од нов идентитет и античките јунаци, кога ни се поважни восочните фигури на Ванчо Михајлов и неговите следбеници, кога ги славиме македоноубијците, кога најблиското минато го претворивме во црна дупка на сметка на разубавената ни историја пред новата ера, Конески опоменува со своето творештво и своите дела кои се' уште ги чекаат вистинските следбеници. „Нашата култура и секоја помисла на феноменот Македонија со право се врзуваат со името на Конески... Тој ја осветлуваше суштината на македонското битие“ (академик Матеја Матевски).
Додека ги чекаме Александар и Букефал, Филип Втори, Јустинијан, лавовите и свингите од леарниците во Фиренца, додека ги проектираме и градиме Триумфалната капија, музеите на омразата, додека ги чекаме новите 30 цркви на дедо Стефан само во Скопје и новите 30 џамии на Реис ул-улема Реџепи додека плаќаме само за скопскиот стадион 50 милиони евра, додека плаќаме 24 милиони евра само за опремување на стариот театар и уште толку за неговата изградба, додека нашите театри одамна изградени умираат во немаштија, а најдобрите актери и режисери играат и режираат во Европа и во регионот, а најголемите таленти за да преживеат изигруваат кловнови на домашните комерцијални телевизии, додека градиме политички визии во центарот на Скопје по цена од фантастични стотици милиони евра, длабоко тонеме во сиромаштија. И духовна и егзистенционална. Тонеме во примитивизам. Ги забораваме големите вредности што ја изградија современата национална држава Република Македонија. Ги покриваме со пепел трајните вредности. Трагајќи во вековите пред Христа ќе останеме без единствените здрави корени крваво засадени во 20 век.
Немоќни и некадарни пред силните притисоци на кои е изложена Македонија, за промената на името, македонските власти кои се определија сами да ја водат битката чекаат избори, водат војна само за власт без каква било иницијатива. Македонија молчи пред светот препуштајќи и' ја кооперативноста и наводната толерантност на соседна Грција. Грците добро знаат дека кога ќе кажат дека името Република Северна Македонија е прифатливо име за нив, тоа автоматски не е прифатливо за Македонија. И обратно, македонските политички елити на власт уште не научија дека кога ќе кажат први оти името Република Северна Македонија е прифатливо за употреба каде што сега се користи кратенката БЈРМ, дека тоа експресно нема да биде прифатливо за Грција. Вчудовидувачки е како не се гледа дека Грција ја игра кипарската тактика за божемна подготвеност на компромис, а цврсто останува на својата црвена линија да одреди име на соседна држава со нејзино кумство. Македонската власт надвор нуди, а дома нема сила да каже да се најдеме на половина пат со Грците. Македонската црвена линија позеленува. Таа се крие од домашната јавност. Преубаво ни е името за да ни го остават. Но, мудроста и храброста можат да го зачуваат.
od ime nese zivee a ionaka e samo za vnatresna upotreba nadvor sme firoma imeto ne ni e vekovno pred 100god nikoj vo denesna mmaked neznael sto e toa makedonec prema toa severna e super da bideme delo d evropa i da ne trpime povece a spomenici,crkvi e nonsens na eden bolen razum vsusnost i hitler gradese spomenici pa vidovte kako zavrsi.
Од: sirma vojvoda
Датум: 09.04.2010 00:38:59
kakvo ime kakva drzava ne utepaa ne odraa so ovaa politika na pisuvanje kazni na nedolznoto naselenie...izrekata bese GLADNA MECKA ORO NE IGRA..............OTPOR!!!!
Од: Брамони
Датум: 09.04.2010 00:40:21
Ех, Ероле, државници аш! Нема! А и да има не сум уверен дека си ја сакаат татковината со толку убаво име. Затоа ќе не` изеде црна јанѕа.
Од: Миле -Охрид
Датум: 09.04.2010 00:59:02
Ме „нарана“ првиот дел од написот на Ризаов. Тој е едно од подобрите новинарски пера во Македонија. Тој умее кога сака.
Сепак, мислам дека длабо греши кога препорачува да влеземе во битка со Грција користејќи нечесни „византиски игри“. Не сме кадри за тоа, а и не ни е потребно. На наша страна се правото и правдата.
Македонците треба да продолжат да ги разобличуваат шовинистичките барања на Грција и нивните подржувачи во Македонија. Само со доследна и достоинствена одбрана на правото да си го сочуваме имет��, као една од темелните европски вредности, ќе покажеме дека заслужуваме да станеме дел од ЕУ. За наша несреќа дел од македонските медиуми, т.н. „експерти“ и болни за власт опозиционери, преставуваат единствена и најголема пречка во нашата борба. Камо среќа да се „свестат“ и да престанат да ја опструираат нашата борба. Но тие продолжуваатда ги потхрануваат грчките апетити и ги одвраќаат вистинските европејци да застанат на наша страна.
Од: oceski-mavrovo
Датум: 09.04.2010 01:08:13
kako i sekogas, i ovoj pat samo edno golemo bravo erole. taka razmisluva vistinski patriot i kolumnava gi razgoluva kvazipatriotite. vistinskiot patriot na glas ne vika deka e patriot za da go cujat drugite , toj patriotizmot so dela i mudrost go pokazuva. na glas za patriotizam vikaat tie koi se somnevat vo svojot patriotizam.
Од: stankov boris
Датум: 09.04.2010 01:11:00
so pocit kon licnosta i iskustvoto na avtorot na ovoj napis. smetam deka utrinski vo kontinuitet objavuvajki gi negovite napisi samo ja prodolzuva praksata na favoriziranje na oboeni intelektuaci so toa obojuvajki se i navlekuvajki na sebe averzija od posirokata citatelska publika. Vo osnova sum impresioniran od koncepcijata na vesnikot, negovata konzistetna struktura kako informativno glasilo, a ne oglasna tabla za vakvi ili onakvi koi veke 20 godini plukaat edni na drugi i taka plukajki se edni so drugi gi isplukaa site okolu niv. site boi se izmesaa i sozdadoa sivilo. da go odbereme rozovoto kako boja na idninata.
Од: Od Canada
Датум: 09.04.2010 01:22:16
Изгледа, денес, прв ќе коментирам. Мајсторе, секоја чест. Поубаво кажано, здравје. Ќе им се скисели ацко Големиот, само нејсе.
Позз. До Утрински
Од: mitko za poednostavuvanje na zivotot
Датум: 09.04.2010 01:35:56
Vo RM sluzben jazik treba da bide grckiot. Isto kako vo vremeto na Aleksandar od koj nesomneno poteknuvame.
Од: ivo
Датум: 09.04.2010 02:15:33
Spored Koneski, "Makedonija" se pisuva so "J" ili bez "J" kako sto ja pisuvaat grcite?
Од: Zurli stom pisnat
Датум: 09.04.2010 02:50:57
Ne slucajno ja napisal taa misla deka imeto ni e preubavo za da ni go ostavat. Konseki imal dlaboki vizii no i istorisko znaenje ,kolku toa ime niz vekovite so svojata upotreba , koristenje i privojuvanje stvaralo i ce stvara problemi. Toj sto napisal deka Koneski e "Alem" vo dijademata na Mkd nacija , zaedno so MANU,poltronski molci za site ovie slucuvanja vo drzavava, a negoviot imenjak i ucenik i stitenik Ristevski, vo 90-te godini medju prvite razvivase nekavi tezi za nasa pomesanost so antickite Mkd. Pokasno,koga vide do kade otide toa se stupi, no kasno,lavina narasna i se strupoli niz strmninata. Site ovie tezi za antikata poteknaa od tie krugovi,a ne od narodot, a bea prifateni od odredeni krugovi koi pojma nemaa so antikata, pred se od politicki pricini i " antifikcijata " e pred se ne istoriski ,no politicki proekt so odredena obmisla
Од: decki
Датум: 09.04.2010 04:28:56
Sekoja cest. Ova e navistina golem krik, posebno za tie sto znaat da razberat. Toj krik neminovno treba da go cuvstvuva sekoj od nas, sekoj vistinski Makedonec, krik sto e sklopcen vo grloto, tezok, gorcliv, zadusuvacki... Navistina, se soocivme so opustosuvanje, raznebituvanje, bezidejnost, neznaenje, nemok, nesposobnost, plaslivost, iskompleksiranost na mnogu poranesni makedonski vladi, no, pred se', i kako kapak, na aktuelnata. Prosti im Gospode, ocigledno ne znaat sto pravat i kade toa ne' vodat. Premnogu se kutri i nekadarni, prestraseni da se izmerat nadvor, a mnogu silni da se istoporat "na sredselo", zbieni eden do drug, so zakani, zaplasuvanja, podmetnuvanja...a inaku, kako pilenca isplaseni. Neka ni e so sreka, na site.
Од: Vaska Koneska
Датум: 09.04.2010 05:49:19
Bravo gospodine Rizaov,preubav tekst za nasiot golem mislitel.Ve pocituvam i gi citam Vasite statii i sekogas naogam nesto vo niv sto sakam jas javno da go kazam.Prodolzete preubavite misli so vasiot preubav stil da gi prenesuvate do nasiot narod.
So pocit
Vasa redovna citatelka.
Од: Trpe 2
Датум: 09.04.2010 06:52:41
Kako i sekogas: odlicno.Cestitam.
Од: Eli
Датум: 09.04.2010 07:28:02
Nema potreba od nikakov komentar na preubavo sroceniot tekst na avtorot. Samo strav od ona sto ne ceka, a nemame sili da go pobedime.
Од: Миле
Датум: 09.04.2010 07:28:50
Ни требаат политичари. Се согласувам. Но ни требаат и новинари кои си ја сакаат државата, црката, историјата... Новинари кои се радуваат кога нешто убаво се гради. И новинари кои нема само да плукаат, туку ќе дадат и некој предлог што да се прави.
Од: Интелектуалец
Датум: 09.04.2010 08:10:18
Само малоумниците, недокваканите, и во основа бугароманите можат злокобно да го обвинуваат најголемиот великан на македонската културна, национална, поетска и творечка мисла Блаже Конески. Тој стана стаменен лик кој се вгради себеси во Македонското битие. А за отпадниците, такви ги има една чеза неосознаени од себе бедници кои ке се откријат набрзо. Наскоро и по име и презиме.
Од: Risto Andov
Датум: 09.04.2010 08:16:10
За жал, Конески бил и останува во право. Но еве современите македонски политичари, бедни со мудрост, според својот покажан менаталитет, никого не слушаат па ни Конески.
На пример, антимакедонското дивеење на Грција па и на Бугарија, наместо да се свати како хумор и да се игнорира, еве прифатени се преговори за промена на името на нашата држава. Всушност, тоа е само параван во нивната крстоносна војна проитв македонството во целина, но и начин за прикривање на фактот дека пирунскиот и егејскиот дел на Македонија се заборавени колонии на европска почва . Еве на пример, некој неодговрен политичар да се согласи со некое поинакво име, зарем бугарските и грчките фашисоидни шовинисти ќе им ги признаат националните правата на Македонците во пиринскиот и егејскиот дел на македонија, или дека ќе престанат да не малтретираат на секаде..!? Со промена на името, вероватно ќе бидеме примени во ЕУ, но како недефинирана пихтија во која бугарите и грците ќе продолжат да буричкаат до бескрај!!!
Од: Ангел
Датум: 09.04.2010 09:34:26
Нема решение кое е прифатливо за Грција а не е наша капитулација, а ако е за нас прифатливо значи Грција залудно се бланирала. Нема решение оти основата на проблемите со соседите е дека непостои македонски народ. Зошто г ерол си запнал, ова е лажен текст, ние македонците сме исправени пред фашистичко барање и точка.
Од: Mite
Датум: 09.04.2010 09:54:37
Za Mitko - pametniot koj sekoj den dodava sol vo jadenjeto :
Edna rabota dobro da se zapamti :
Antickite makedonci zboruvale so jazik koj grcite voopsto ne go razbirale!
Toa kako dokaz moze da se vidi i vo Filipikite na Demosten - prakticno priznanie na samite grci deka ne bile ist narod!
Vsusnost toa mnogu dobro go znaat site na svetot osven nas!
Za Erol - mnogu dobro gospodine Erol.
Kako i sekogas Vie ste pogolem Makedonec od mnogu "patrioti" kaj nas.
Од: Tode
Датум: 09.04.2010 10:16:19
Gospodine Rizaov, majstor ste, sekoja cest i mnogu ste silni so peroto.Napolno se slozuvam so mislata na nasiot makedonski mislitel Blaze Koneski, deka jazikot e edinstvena nasa kompletna tatkovina.Jas istoto go pravev skoro tri decenii na dalecnite pacificki prostori.
Од: Mito.Minanov
Датум: 09.04.2010 10:37:22
proba dali ke se prati porakata
Од: mile
Датум: 09.04.2010 10:38:57
Почитуван г-не Ризаов!
Со нетрпение го чекам секој петок за да ја прочитам Вашата колумна. Вашите колумни се реална слика на општествено- политичките односи во Р. Македонија, реален приказ на граѓанското секојдневие. Македонија секој ден тоне во сопствената немоќ да се справи со предизвиците кои стојат пред неа, сиромаштијата и национализмот се единствен заштитен знак на сопствената глупост. Едно големо БРАВО за Вас, а оние „коментатори“ кои се платени од народни пари да ја покриваат нечија немоќ и незнаење, ќе останат слепи во својот примитивизам и интелектуална сиромаштија. ПОЗДРАВ.
Од: Mapkoc
Датум: 09.04.2010 10:50:22
Би рекол дека е ова исклучително вредно и дури потресно штиво, кое наметнува драматично прашање: кво вадис Македонијо? Госп. Ризаов втемелено напоменува дека Конески „лека-полека го препуштаат на амнезија пред наездата од нов идентитет и античките јунаци„. Бидејки е токму сегашната власт „булдожер„ на ова тектонско уназадување, право е прашање каде таа може да ја усмери Македонија ако не во ишчезнување, а македонскиот народ кон судбината на Хазарите?
Од: nekoj
Датум: 09.04.2010 10:59:30
Eh da imase barem eden pameten politicar, pa da mozese so diplomatija da resi se, da mozese kaj i da otide da go cekaat kako prijatel-prvo licen pa posle kako drzavnik od druga drzava.Za zal takov nemame. So pisuvanje deka: sosedite ni se okpuatori, sovinisti, deka site ne mrazat (del od komentarive) provocirate samo negativnost i tokmu ona za sto pisuvate stanuvate vie. Kradete istorija, pisuvate za okupirani teritorii (koi vi se molam-koga pred 45 ne sme imale nikogas drzava???) Pameten bi ja zaboravil istorijata i bi trgnal za dobroto na ovie prostori, za ovoj narod i drzava, a tie sto se cuvstvuvaat poinaku od Grci vo Grcija ke si go baraat lekot. Ako tamu ne im e dobro neka si dojdat doma vo Makedonija, ne? Do pred 5-6 godini site ja smetaa Grcija za idiot sto ni go pravi ova so imeto i na prag bevme da pobedime, no so kradenje na istorija i negiranje na blisko minato, izgubivte se- krivi ste sto ve manipulira sekoj eden budala kako ovie vmro-vcive na vlast
Од: Benur
Датум: 09.04.2010 11:15:18
Kako i sekogas, odlicno Erole. Prekrasna hronologija. Prekrasno elaboriranje na faktickata sostojba. No, za zal ostanuva samo za vo Utrinski.Onie sto treba od ova nesto da razberat, "ne slusnale, ne procitele vo nekoj si vesnik i t.n."Neznam so sto zgresil ovopj narod, vaka da strada. Koj li ne prokolnal?
Од: Дете бегалче - во сопствената земја
Датум: 09.04.2010 11:33:41
Нема да навлегувам во заблудите на авторот дека „црквата и иконите“се тие кои го очувале Народот и Јазикот!Црквата упорно го пропагира тоа,како единствена вистина,која треба да ги оправда нејзините настојувања да Владее со државата и да Поседува имоти!„Вистина“,која треба да ја оправда тезата дека исклучиво православието е тесно врзано за Македонскиот народ и врежано во етносот како негов нераздвоен дел!Желбата за живот во заблуда е сосем лична определба!Симптоматичен е обидот Вината за состојбите во МК, да се бара кај другиот-Грците!Не знам зошто некому би му пречело да се нарекува Славомакедонец,а државата СлавоМакедонија?!Тоа секако не е во колизија со Конески!Би ја отфрлило можноста за присвојување на туѓата (античка) историја,која одредени „научници“во МК,ја пропагираат како „наша“историја преку „НВО“здружението наречено„Антички Македонци“!Воедно,би ја срушило и Заблудата за некаква поделба на географскиот поим на три „наши“делови!
Од: kris
Датум: 09.04.2010 11:48:17
Ova e super sroceno, amaaaa..... onie od Crn i Bel Bumbar na Tanja Bumbarkata nikako da go razberat.... ova za niv e ravenka so 100 nepoznati.........
Од: Бат��
Датум: 09.04.2010 12:17:48
Господине Ризаов секоја чест !Навистина мудроста и храброста можат да ни го сочуваат името,но за да бидеш мудар и храбар треба рејтингот и популизмот да не ти е на прво место ,ами интересите на земјата и интересите на граѓаните! Особено добро звучат зборовите на деецот Коневски, аман не ме бранете мене, неме напаѓаат мене ,го напаѓаат нашиот јазик,нашиот идентитет!Големи зборови од ГОЛЕМ ЧОВЕК!
Од: Ibni Pajko
Датум: 09.04.2010 12:20:22
Retko ubav i korisen tekst. Steta sto se poretko go citame Koneski.
Од: Saso Germanija
Датум: 09.04.2010 12:20:45
Erole ti mi licis na onaa srpskataq:okruiglo pa na cosak.Pa tokmu ovaa slast go brani zavetot na Blaze
a drugite driblat i manipulirat kako tebe. Bidi junak i
vikni Grujo dobar si, hrabro go branis imeto. Pa neka
glasno go podrzi i toj tvojot B.C. Nikoj od tvoite Erolce
ne go brani taka Blazeta kako Gruevski.Ajk, be molci.
Од: pameten
Датум: 09.04.2010 13:09:10
Иконите на св. Климент и св. Наум во охридските куќи под кои нашите мајки ги палеа кандилцата со елбасанско газие ги зачуваа македонската нација и македонскиот јазик.
Sv. Kliment i Sv. NAum nikogash ne se narekuvele Makedonci nitu svojot jazik go narekuvale Makedonski. Tie bile Bugarski sluzhbenici, a jazikot go narekuvale Slovenski. Togashna Bugarska drzhava prifatila Slovenskiot za sluzheben. So vekovite toj evoluiral, bil prozboren od site vo Bugarija i tie shto go zboruvale go nareuvale Bugarski. Makedonija nemala shansi da se pripoi kon moderna Bugarija nitu da stane vtora Bugarska drzhava. Misirkov sfatil deka za da se zachuva tradicijata mora da se raboti za poseben Makedonski jazik. Ne site prifatile ovoj "kompromis". V. Mihajlov bil protiv. No so negovite sledbenici mora da se pomirime! A Koneski mora da se slavi kako tatkoto na Makedonskiot jazik! Bez nashiot sovrememen jazik sigurno kje si gi izgubivme tradiciite vo varianta na Srbohrvatskiot.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.04.2010 13:09:49
Цитатот е величенствен но не кореспондира со стварноста.Виножитните медиуми се ,,убија,, од пишување за потребата од промена на името,на иста борбена линија е и виножитниот кампус, критикувајќи го премиерот за несоработка со соседот.Дури имавме и просветлени изјави на винитни ,,експерти,, да идентитетот нее вашен многу оти ние сме знаеле што сме.Ете затоа цитатот некореспондира со намерите кој вие ги промовирате.
Од: Борис 10
Датум: 09.04.2010 13:30:24
Несум прочитал вакво лицемерие досега.Ова тие од најлошите изданија.Оди преспи малку па кога ќе се разбудиш мислам ќе биде се во мед и млеко
Од: babuna
Датум: 09.04.2010 14:48:10
Текст пишуван во стилот на соц-реалистичката беатификација на личности, без ни малку желба барем да се начнат светечките житија на ликовите, испишани од чуварите на минатиот систем. Ниту збор за работата на Конески во комисиите за составување на азбуката, ниту збор за неговите постапки кон некои од членовите на тие комисии. Човекот несомнено имал литературен талент, но несомнено е дека бил и реализатор на идеите на некој од повоените пучистчки главучи од север.
Од: Јован АН
Датум: 09.04.2010 15:02:41
Првиот дел на анализата потсетува на вистинскиот Ерол Ризаов.Меѓутоа во вториот дел,разочарувачки навлегува,односно ја навртува водата на грчката воденица.Каква активност Ероле?Зарем да се согласиме на името Северна Македонија?Тоа носи северномакедонци,Ероле!Ако се согласиме со предлогот на Грција и нејзините подржувачи,вршиме самоубиство!Не сакам да бидам северномакедонец!Утрински е влезен во шемата “притисок врз сопствената земја“.Сличен коментар имавте и пред два дена.СРАМОТА!