|
|
|
|
|
|
Тутунарите протестираа и на празник
Наместо свечен ручек на Божик, тутунарите и вчера останаа на пунктот кај Тополчани, блокирајќи го патот за Битола
Моника Талеска
ПРИЛЕП - Пелагониските тутунари, наместо свечен ручек и радост во кругот на своите семејства и вчера, на најголемиот христијански празник, Божик, останаа на пунктот кај Тополчани, блокирајќи го патот за Битола. Тие повторно го изразија својот револт од, според нив, игнорантскиот однос на Владата. Му порачаа на премиерот Никола Груевски да дојде на пунктовите каде што протестираат за да може самиот да се увери дека незадоволни се токму тутунарите што гласале за него и за ВМРО-ДПМНЕ.
„Срамота е тоа што не' нарекуваат партиски војници на СДСМ и на Бранко Црвенковски. Кој сака нека дојде и нека се увери дека секој од нас има склучено договор со по еден откупувач и оти сите ние сме чесни производители што живеат само од тутунопроизводство. Никој да не си игра со нашата мака, сите партии нек�� си стојат подалеку од нас. Нас не не' интересира политика, туку откуп по реални цени, а тоа се ланските цени. Само тоа го бараме. Ако неквалитетниот тутун лани беше откупуван за 192 денари за килограм, тогаш како може годинава два пати поквалитетниот тутун од лани да се презема по многу пониска цена. Ако треба родот ќе скапе, ако треба ќе го фрлиме, ама нема да им дозволиме на откупувачите да си играат со нашата мака, да печалат на нашата пот. Ние сите сме тутунарски семејства, живееме само од парите од тутунот, но нема да дозволиме некој да печали на наш грб“, реагираа вчера тутунарите, поканувајќи го премиерот Груевски со нив да го слави Божик на нивната сиромашна трпеза, без месо.
Претседателот на Штрајкувачкиот одбор, Кире Николовски, пак, најави тужби против сите медиуми што завчера, како што рече, ја лиферуваа веста дека неговата сопруга деновиве го предала тутунот по високи откупни цени.
„Точно е дека Елизабета Николовска е моја сопруга и оти дел од тутунот го предадовме на 21 декември, значи пред почетокот на протестите, и тоа по просечна цена од 93 денари. Другиот дел од реколтата го чувам дома и нема да го предадеме додека не ја постигнеме бараната цена. А, сите медиуми што се обидуваат да прават лажни приказни врз нашата мака, ќе ги тужам, па ќе видиме чија вистина е поголема“, револтирано изјави Николовски.
Тутунарите го молат премиерот Груевски да прекине со изјавите дека нема да добијат премија оние што нема да го предадат родот. „Не му личи на премиерот да дава такви изјави. Груевски треба да се залага да најде решение за земјоделците, за тутунарите, за лозарите, за сите земјоделци, зашто ние го гласавме, ние го донесовме во таа фотелја“, велат пелагониските производители и најавуваат дека протестите продолжуваат и денеска. |
#
|
Статијата е прочитана 773 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: R.R. |
Датум: 08.01.2011 12:47:26 |
|
Nemaat pocit sprema Gospod! Na vakov ubav praznik,tie rasipuvaat se,zelni za pari ,nesposobni da se sprotivstavat na manipulaciite na Crvenkovski! |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 08.01.2011 13:55:16 |
|
Тутунарите се за жалење,но некои и не.Дали тие се прашуват колку ги плака аргатите,овие кои произведуват многу големи количини.Но така ги научи владата со минатогодишната реколта,купувајки рејтинг.Сега кога секна изворите,нема пари за субвенци,замавнува со прстот кон нив заканувачки и како мали деца сака да ги построи.Кој нема да слуша ке биде казнет,немада ��ма субвенци.Иако тој има некој таен договор со откупувачите,тие да закинуват на цената а на владата та да и дадат пари за субвенци.Да може пак да си купуват рејтинг.Па тие живеат за пари и рејтинг. |
|
|
|
|
|
|
Од: citatel |
Датум: 08.01.2011 15:12:55 |
|
Аман бе Р.Р. и ти на празник не мируваш, кој медиум да отворам, секаде имаш ист коментар, со таа разлика што тебе де плаќаат, а тутунарите не ги плаќаат. Ним не им до празник, а и немаат пари со што да го слават и за што слават. Се борат за својот леб и своите семејства.
Впрочем и на Комунална хигиена им беше празник па, не го почитуваа и вчера ловеа кучиња( и маркирани меѓу нив) и ги носеа во т.н. Вардариште за да ги убијат. Кажи ми, се убива ли на празник? И се оставаат ли луѓето гладни? |
|
|
|
|
|
|
Од: Karokan gambit |
Датум: 08.01.2011 18:47:50 |
|
Aman bre g-dine citatel,pa ne mozese li da srocis nekoj poasolen komentar tuku se zanimavas so R.R.
Kako da ne ti e poznato deka pred izvesno vreme se donese Zakon za antidiskriminacija.Ti najde pa bas na nego da se silis i verbalno da go kaznuvas.Malku gospod go kaznil,pa ajde i ti.Ne deka komentarot ti e pogresen,tuku ednostavno ne spomnuvaj go R.R. Covekot e za grev,a ti taka so nego. Ostavi go,ziti se!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: 2+2=4 |
Датум: 08.01.2011 19:57:57 |
|
убаво објасни главниот инспектор... цаката е дека ова година има хипер продукција и не може да се бута влажен тутун во повисока класа како лани кога немаше тутун . Освен тоа Откупувачите се приватни фирми, има и од странство, нора да се работи по закон. Си има начин на класирање, мерење на влага и останато. А сега некој што натепал 9 ТОНА и сака да апне 36000 евра на невидено, тоа е друга работа. Па можел тој да си земе концесија и да си отвори и пункт, па самиот нека си го откупи тутунот.. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 08.01.2011 20:35:37 |
|
Никој не им се заканува на тутунарите со субвенцијата и тоа е очигледно,но опозициските коментатори прават акробатики во замена на тезите.За тоа има закон кој важи повеќе год. како и лани впрочем,кој предал тутун има субвенција.Треба ли на ,,жими мајка јас сум тутунар,, да се добијат субвенциите. Инаку лицемерието е толку мизерно кога само ќе се подсетат како денешниве ептен загрижени се однесуваа своевремено со тутунарите,откуп колку субвенцијата плус пендрек демократија(Куклиш). |
|
|
|
|
|
|
Од: PAVLE ALIMASKA,Prilep |
Датум: 08.01.2011 23:16:10 |
|
ДАЛИ ГЛЕДАТЕ ПОЧИТУВАНА ЈАВНОСТ какви изјави дава Премиерот на жална Македонија,дека СДСМ ги организира тутунарите.Ви се молам ,дали тој човек е свесен што зборува или мисли дека луѓето се малоумни.Дали оваа имитација од премиер се гледа и дали воопшто има огледало кое ќе му каже застани,прекини ,не брукај се...................... |
|
|
|
|
|
|
Од: Petko |
Датум: 09.01.2011 13:12:27 |
|
Do R. R. Ne gespodine , tutunarite imaat pocit prema Gospod, megjutoa pramierot nema pocit sprama nikogo pa ni sprema svojot narod . Kako ne go sram , mesto da go resava problemot na ovoj napaten narod , toj dava nekoi izjavi koi ne licat za izjavi dadeni od premier. Neka se zafati so resavanje na natrupanite problemi vo drzavava a ne da ni izigruva golem patriot , zosto patriot e da napravi nesto za drzavata . |
|
|
|
|
|
|
Од: cd |
Датум: 10.01.2011 09:13:57 |
|
секој од нас има склучено договор со по еден откупувач
pa prema toa treba da strajkuvate kaj otkupuvacite !!!!! togas i jas bi vi dal podrska !!! |
|
|
|
|
|
|
Од: borce |
Датум: 10.01.2011 09:42:37 |
|
Zaren nemate trunka sram i sovest i da kazuvate deka tutunarite se izmanipulirani od Crvenkovski.Za onie koi imaat politicka amnezija samo da ve potsetam deka,2006 padot na SDSM zapocna so strajkot na tutunarite.Togas Grueski mu veti na tutunarite toa sto denes ne saka da im go ispolni,kako sto gi izlaza i site zemjodelci.Strajkot togas go organizirase VMRO a gradonacalnikot Marjan Risteski im nosese sendvici i pari na strajkuvacite i gi terase da vlezat vo Tutunski kombinat i da pravat linc na direktorite.Tutunarite si go baraat vetenoto i vrednuvanje na trudot.Populizmot se vraka kako bumerang |
|
|
|
|
|
|
|
|