„Џезерите“ му отсвиреа на Феникс
И покрај големиот број повреди кои ја погодија Јута уште во раната фаза од сезоната, сепак, овој тим успеа да го совлада и силниот Феникс со 109:97. Почетокот им припадна на гостите, па по првата четвртина предводени од Стадемаер (мечот го заврши со 30 коша и осум скока) водеа со 32:23. Но, Јута без Окур и Дерон Вилијамс, но со огромна помош од Милс (21 поен), Бузер (21 поен и 15 скока), како и Андреј Кириленко (19 коша и седум скока) успеа да го заврти резултатот во своја корист, за седмата победа во сезоната.
Сан Антонио и натаму игра без Тони Паркер и Емануел Џинобили, но и натаму победува. Сега славдеше на гостувањето кај Л.А Клиперс во уште една интересна завршница со 86:83. Победничката тројка на осум секунди пред крајот ја погоди Роџер Мејсон, кој заврши со 21 кош. Тим Данкан имаше феноменална ноќ со 19 поени.
Хјустон забележа победа во гости над Оклахомасо 100:89, но „ракетите“ останаа без Трејси МекГрејди. Седумкратниот Ол-стар учесник ја нјапушти играта во првата минута од второто полувреме поради проблеми со левото колено врз кое беше направена хируршка интервенција летово. Луис Скола го предводеше Хјустон со 23 коша, Јао Минг оствари дабл-дабл ефект (19 поени, 12 скока), најефикасен во поразениот тим беше Кевин Дурант со 29 коша.
Резултати: Оклахома - Хјустон 89:100, Јута - Феникс 109:97, Л.А Клиперс - Сан Антонио 83:86. |