Бранко Ѓорчев
- дир. на Драмски театар
И покрај тоа што е неработен ден, сепак, уште утринава ме очекуваат обврски во Драмски театар. Имаме две проби: вториот дел на "Кандид во земјата на чудата", како и обновување на "Сите лица на Петре М. Андреевски". Потоа, имам часови со студентите на ЕСРА. А, вечер, по претставата "Сон на летната ноќ", на Коле Ангеловски му ја честитаме наградата 13 Ноември.
Сузана Јовчева
- пејачка
Се вклучувам во акцијата "Засади ја својата иднина" преку активностите на училиштето каде што предавам, па со учениците го разеленуваме училишниот двор. Инаку, веќе започнав со преговори за некои новогодишни настапи, а наскоро започнува и снимање на новогодишните емисии.
Дејан Ацески
- музичар
Бидејќи идната недела би требало да полагам испит од постдипломските студии по историја, најмногу време минувам во учење. Сепак, во текот на денот имаме средба на членовите на групата НАВ да се договориме околу понатамошните планови за промоција на нашиот албум "Генофонија", кој излезе неодамна. |