Поради нагласениот песимизам, однапред се обидувате да се откажете од нешто. Можни се расправии со партнерот и проблеми со пријателите. Нормално, само другите во такви ситуации се криви. Доколку се чувствувате тромаво, не е ни чудо, водете сметка за здравјето.
Бик
Штом нешто не се одвива според планот, бегате во својот свет. Врската во која се наоѓате не е онаа вистинската. Тоа сознание е болно, но корисно. Барем знаете на што сте. Или ќе вложите напор врската да ја спасите или ќе се откажете од се'. Вам ви е лесно!
Близнаци
Близнаците се окупирани со убави работи. Љубовта ви влијае стимулативно, па се фрлате на уметност и уживање. Иако сте пребирливи на тоа поле, успевате да го осмислите секој момент. Избегнувајте авантури, бидејќи лесно можете да бидете фатени во стапица. Имате многу проблеми, па уште и ова ви треба.
Рак
Сте се обиделе да функционирате сами, но не оди. Само со работа и со тим остварувате резултати. Тоа тешко ви паѓа, бидејќи на секого му наоѓате мана. Дали сте можеби идеални или само така ви се чин? Осетливи сте на брачно- пертнерските односи. Имате чувство дека сте неодоливо сакани. Во кариерата го барате спасот.
Лав
Имате повеќе среќа отколку памет. Опасностите сте ги пребродиле, па може да се смирите. Окупирани сте со работа и со завршување на обврските, немате време да се посветите на семејството и на саканото лице. Наскоро ќе завршите важни задачи, па нека се стрпи саканото лице.
Девица
Врската во која се наоѓате е навистина романтична. Прекрасно се чувствувате и настојувате да не наоѓате грешки во однесувањето на партнерот. Доколку би се обиделе, списокот би бил поголем. Но, бидејќи саканото лице се труди на секој начин да ве фасцинира, тотално сте подлегнале на неговите освојувања. Можни се инспиративни уметнички доживувања и уживања.
Вага
Од партнерот очекувате повеќе отколку што се неговите можности. Бидејќи очигледно не знаете што сакате, замислувате расправии кога не би требало. На моменти се' ви поаѓа од рака, а кога не е случај тоа, веднаш му ја префрлате вината на некој друг. За ситуацијата сами сте си виновни.
Скорпија
Реагирате на секој чекор на околината што не ви одговара. Тоа посебно се однесува на пријателите. Им наоѓате мани и им свртувате грб. Бидејќи за некои работи сами сте си криви, потрудете се да го спасите она што може. Ако продолжите да се однесувате на овој начин, ќе останете сами на светов.
Стрелец
Во фаза сте на очекување успех. Бидејќи сте вложиле максимум енергија, нормално е и успехот да не изостане. Искористете ја концентрацијата и филозофскиот начин на размислување за работи со кои се занимавате. Пред заминување на пат настојувајте да го споите корисното со убавото. На повеќето припадници на знакот тоа им поаѓа од рака.
Јарец
Не сте ни свесни колку сте среќни. Може да се каже дека имате повеќе среќа отколку памет. Овие денови се' ви поаѓа од рака, па обидете се на извесен начин на ограничувањата да гледате како на нешто природно. Доколку се чувствувате неостварено, знаете дека за тоа сте си сами криви. Некаде грешите.
Водолија
Сите ваши размислување се неповрзани и замешани. Бидејќи се можни блескави корисни идеи поврзани со секојдневието и олеснување на моментната ситуација, размислувањето за тоа ќе ви помогне да го подобрите расположението. Морате да се приспособите на другите, што вам, бидејќи сте Водолија, тешко ви оди.
Риби
Токму кога ќе преземете нешто, се појавува препрека. Постојат и внатрешни саботирања, за кои не сте ни свесни, а кои поприлично ви ги кочат реализирањето на идеите. Многу барате, а тешко се приспособувате на потребите на другите.