Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Политичката елита очекува расправа во Собранието

Кога ваква поддршка доаѓа од најголемата светска сила, нема причина за колебање

Гордана Дувњак

Најголемата држава во светот упати силна порака до Македонија дека и натаму останува нејзин најголем сојузник кој сака да ја види со полноправно членство во НАТО. Последните изјави на претседателот на САД, Џорџ Буш, од Загреб, кои претставуваат дополнително охрабрување за македонското водство поскоро да ја отстрани и последната пречка и да го затвори прашањето со името. Вака ги разбра американските пораки македонската политичка елита, која очекува дека во текот на оваа недела државниот врв ќе се обрати во Собранието за да се изгради заеднички став околу идните чекори што треба да се преземат натаму.

Социјалдемократот и експремиер Владо Бучковски пораките од Загреб ги сфаќа како „последна опомена за Македонија“. Тој смета дека на најдобар начин треба да се искористат преостанатите седум месеци од мандатот на актуелниот претседател на САД, Џорџ Буш, за конечно да се затвори прашањето со името, зашто во спротивно можеме да останеме најизолираната земја во Европа.

„Пораките ги разбрав повеќе како охрабрување до Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за да разберат дека не се битни личните кариери, туку иднината на земјата. Зборовите на претседателот Буш беа продолжение на пораката на Даниел Фрид од пред еден месец дека на Македонија повеќе од кога било и' е потребно лидерство. А во Македонија се знае дека моментно има двајца лидери - Црвенковски и Груевски. Од нив се очекува да покажат решителност. Вистинскиот лидер не може да се крие зад волјата на народот, туку од него се очекува да понуди решение.

Според потпретседателот на ЛДП, Андреј Жерновски, со последните изјави американскиот претседател, всушност, покажал дека иако Македонија де јуре не е во НАТО, сепак, тој де факто ја смета и натаму како дел од јадранската тројка.

„Изјавите на првиот човек на САД доаѓаат во битно време, бидејќи неговите пораки не се упатени само до македонската јавност туку повеќе до нашите соседи, за да им се каже дека Македонија и натаму има силен партнер кој ги гарантира нејзината стабилност и независност“, потенцира Жерновски. Тој очекува државниот врв колку што може поскоро да се состане во поширок состав и да ја дефинира новата стратегија како да се постапува натаму.

„Од она што можев да го видам во Загреб, заклучувам дека САД остануваат цврсто на својот досегашен став и сакаат да ни помогнат колку што може поскоро да се реши проблемот со членството во НАТО“, вели лидерот на Либералната партија и коaлиционен партнер во власта, Стојан Андов. Тој додава дека кога ваква поддршка доаѓа од најголемата сила во светот, тогаш нема причина за натамошно пролонгирање на проблемот, туку колку што може поскоро да се продолжат преговорите за изнаоѓање компромисно решение.

И Андов, како и другите соговорници, се надева дека првите луѓе во државата што поскоро ќе го запознаат Собранието со деталите од последниот Самит на НАТО во Букурешт и ќе се изгради консензус и заедничка позиција околу продолжувањето на преговорите за името.

Слично размислува и лидерот на НСДП, Тито Петковски, кој нагласува дека реторичката поддршка на претседателот на САД треба да се разбере како силен гест на пријателство и решеност да не' видат во НАТО.

„Американците сакаат да не' охрабрат во нашите напори да истраеме и да го решиме ова прашање кое се влече веќе 17 години. Не сум многу голем оптимист како ќе успееме во нашата намера, затоа што кога ним не им успеа да ја разубедат Грција, не знам како ќе ни успее нам да се договориме и да изнајдеме компромис“, додава Петковски.

Сепак, тој очекува државата да изгради заеднички став околу натамошните преговори, бидејќи ако почнат надмудрувањето и препукувањето за тоа кој е виновен, нема ништо да се постигне и ќе се испрати многу лоша порака.


Статијата е прочитана 893 пати.

Испрати коментар

Од: jank.
Датум: 07.04.2008 20:41:25
"Кога ваква поддршка доаѓа од најголемата светска сила, нема причина за колебање", kolku smesen podnaslov.Se smeev i placev.Se smeev zosto mne potseca na "bugarska politika", placev kolku naivni ima vo Makedonija, megju novinarite mislam.Odnesuvanjeto na Grcija e iskreirano tamu od kade mu e korenot na posrednikot za imeto i od kade makedonija go ima"najgolemiot sojuznik".Trezvenost i matematika vo glavata treba, a ne lupanje vakvi planetarni gluposti.Sekoj neka ja pogleda kartata na Jugoistocna Evropa, ce ja vidi istovremeno pozicijata na Makedonija i na Grcija.Posle toa vakvi gluposti nema da se pisuvaat
Од: makedonec
Датум: 07.04.2008 14:47:02
Dobro veli Petkovski:"koga Amerika ne gi ubedi ,ili razubedi Grcite,ne znam kako nie ke uspeeme".Zatoa,ne se lazete so ponatamosni pregovori,tuku fatete go patot na oficijaliziranje na ustavnoto ime preku svetskite institucii(Sudot vo Haag,OON..),osobeno sega,koga Grcija ja dezavuira privremenata spogodba so stavanjeto na veto.
Од: граѓанин-ох
Датум: 07.04.2008 12:36:57
Се слагам со дел од мислењето на "goce" само би додал покрај Република Нова Македонија да се бара во графата народ и јазик да стои македонски а мослам дека оној тикварот"Od Kicevo"време е повеќе да не не дави со неговиот квазипатриотизам зашто сигурен сум дека има бугарски пасош во џебот.
Од: Amy
Датум: 07.04.2008 09:24:19
Jas ne gledam nisto loso i ne gledam zad kulisite vo izjavata na Bus. Ja primam taka kako sto e kazana, posakuvam da imame povlasten tretman kako Izrael, pa da gi prasam togas nasite ostrasteni sosedi kako mislat da ne unistat. No najbitno e sega da se misli na narodot i drzavata,pa se ostavat populizmite za nekoe drugo vreme, da se pokaze hrabrost, razboritost i odlucnost, pred se da se nadminat netrpelivosta i komleksite vo odnos na Pretsedatelot, zada moze normalno da se razgovara i dogovara.
Од: AlexMKD
Датум: 07.04.2008 09:22:46
eve kompromis: da se vikame Makedonska Republika ( Macedonian Republic), i da se pregovara so grcija da si stavat oni geografska ili istoriska odrednica na nivnata provincija za da se razlikuvame neli! Imeto da bide za sekakva upotreba.
Од: Albanec
Датум: 07.04.2008 09:04:32
Identitetot?! A koj vi preci da se vikate Makedonci i vo Nova Makedonija? Sakam da razbiram no ne mozam! Nesto glupo mi zvuci ako se misli deka se gubi identitet! Lugje i "Ajvaristan" da se vika drzavata ti mozes da se krstis kako sakas, koj ti smeta? No vas ve boli dragi moi sogragjani, ve boli sto ja gubite demek drzavata i vlasta!!! A sto dobro vidofme site od site vlastodrsci eve 60 god.? Da mi odgovori nekoj. Drzavata ke ostane, ne se gubi, se gubat samo nekoji privilegii nisto poveke, a nekoj drug gi dobiva tie privilegii. Drzavata mora da ja zavrsi domasnata zadaca, toa e da se stavi red i mir, da vladee pravoto i zakonot, i da prestanat veke ednas megjunacionalnite gluposti. Da befme silni ekonomski ve uveruvam Grcija ili bilo koj drug ke se mislese da si poigra so nervite na gragjanite na MKD. No na nasite politicari vremeto im pominuva koj kade ke dobije tender! Gragjanite neka jadat koreni!
Од: pogodi koj??
Датум: 07.04.2008 02:51:04
Ahh... povtorno ovoj narod zivee vo iluzii..... ALOO ne e problemot do imeto, problemot e sodrzinata na spogodbata. Nie i Katastrofa da se krstime nama da im odgovara na ciganite od Junistan, celta e negiranje na identitetot, i nepostoenje na makedonsko malcinstvo vo Egejska Makedonija, e toa ne smeeme NIKAKO da si go dozvolime
Од: Buntovnik
Датум: 07.04.2008 02:01:52
Amerikanskata doktrina koga sakaat nesto da mu nametnat na svojot narod ili bil koj drug narod se sostoi vo toa da tie go manipuliraat narodot do toj stepen da narodot sam si go trazi ona sto Amerika saka da mu go nametne. Vo nasiot slucaj toa e promena na imeto vo Republika Nova Makedonija. Ova bese dogovoreno pred samiot samit so Grcite koga Bojkojani bese vo Vasington. Sega seto ova prijatelstvo, posle neprijatelstvoto od Grcija lici mnogu na bad cop, good cop.
Од: Дончо, древенски зет
Датум: 07.04.2008 01:31:29
Иако не ми е до смеа, слатко се насмеав. Македонија имала ПОЛИТИЧКА ЕЛИТА? Ако ја има КАДЕ Е? Од она што го гледаме во влада, парламент, судство итн. не е елита, тоа е гола вода! Циркус! Чекална на психијатриска институција! Забораваме сите дека и на конзервите храна за кучињата ИМА РОК НА ТРАЕЊЕ! Време на употреба!
Од: Od Kicevo
Датум: 07.04.2008 01:19:14
Goce sram da mu e na kumot sto ti dal ime na eden velikan,znaes sto zboruvas,e dobro,jas ke i poracam na Dora Bakojani,vas so se ceiz da ve zeme vo grcija,posto i priznavte veke ime Nova Makedonija,ama taa ne bara samo toa bara i da ne si makedonec,ili ne tie gajle,ej znaes sto grcite se p.....i ti po se izgleda si sto tolku lesno sakas da odis na zapad te cesa podopasnikot....sramota.
Од: ramadani
Датум: 07.04.2008 00:51:23
iskreno,ne sakam nikogo da navredam megutoa ako stvarno na grcite im odgovara R.Nova Makedonija togas mislam deka nema prichina a da ne go prifatime i da gi resime fashistine ednas zasekogas! r.makedonija(skopje) i FYROM se mn pogrdi iminja, + Nova Makedonija povekje odgovara bidejki navistina sme Nova Makedonija,ne e veke anticka makedonija,ne e veke socijalisticka makedonija,ne e veke onaa nedemokratska makedonija(setete se univerzitetot 97-ma,brutalnite akcija na mvr za univerztitetot,znaminjata...bitpazar),onaa makedonija samo na makedoncite,tuku e drzava na site gragjani,so evropski duh,koja gi pocituva covekovite prava i slobodi na site vnatre vo nea i gi pocc. site nadvor okolu nea,a toa ako drugite ne ja pocituvaat toa e nivni problem. iskreno,so pocit. razmislete site ubavo
Од: Gordan
Датум: 07.04.2008 00:45:43
A se zaprasal li nekoj vo ovaa drzava kogo toa Bus podrzuva? Nas Makedoncite ili drzavata Makedonija? Za ova prvoto ne sum bas siguren a za ova vtoroto, za teritorijata da, zainteresiran e i te kako i ke pomognat. No na ovaa teritorija ima nesto malku poveke od pedeset posto Makedonci ,ostanatoto se drugi. (Albanci, Turci, Romi, Bosanci, Torbesi, Srbi, Vlasi, a po novo i Bugari). Do sega br1 vo Makedonija bea Makedoncite i nivnata biznis i politicka elite. Dali i ponatamu ke ostane taka, toa ne e bas jasno a nitu pa ima znaci deka ke bide. Mnogu skoro ke imame novi biznis eliti vo Makedonija, Veke Grcija e dobro vlezena vo biznisot tuka, eve i Bugarija kupuva banki, firmi i fabriki vo Makedonija, naskoro i Albancite ke stanuvaat se pojaki i pojaki ekonomski, a bogami i Srpskite biznismeni ne se za potcenuvanje i tie kade i da e ke dojdat da kupuvaat. Nie slabeeme kako nacija, i toa e nasiot najgolem problem.Na site gorenavedeni imeto Makedonija ne im znaci mnogu mnogu.Pa sega razmislet
Од: Goce
Датум: 07.04.2008 00:31:15
Osven VMRO, gledam site partii pocnaa da se osvestat od 17 godisniot son, deka vremeto raboti za nas. De mislevme deka Evropa nema da dozvoli na Balkanot da ima crna dupka i deka so politicka odluka kje ne' primi. Toa ne se sluci. So imeto mislevme deka sme pobednici i 17 godini samo begavme od problemot, mislejki deka toa e problem na Grcija. Sega e vremeto da se otreznime i radikalno svrtime sosema nova stranica, oti dosegasnata politika ni' donese samo problemi. Ako so predvremeni izbori i kobajagi nacionalnata gordost uste ednas go ispustime vozot (ovojpat mandatot na Bus), nikoj ne ne' spasuva. Nie sme problemot i nie treba da ponudime resenie, a ne da cekame nekoj da go resi. Republika Nova Makedonija - toa e resenieto i vekje naredniot mesec sme vo NATO.

Најди! во Утрински
На прво место
Буш ја храбри Македонија за компромис