Неждет Мустафа пратеник во Собранието на РМ
Денеска е Светски ден на Ромите, всушност, ден кога Ромите се трудат да го свртат вниманието на светот кон својата обесправеност во општеството. Затоа денешниов ден ќе го минам во посета на најсиромашните Роми и на неколку тешко болни деца. Ова е ден за да се сетиме да им помогнеме на оние на кои им е потешко од нас, а не за гала-прослави.
Ѓокица Лукаревски актер
Иако во петокот се случи премиерата на претставата „Како да ја убиеш сопругата и зошто“, каде што всушност сум дел од дуодрама-комедија со колешката Катерина Коцевска, денеска сум во целодневна концентрација за првата реприза. Нашата претстава може да им биде предизвик за сите што сакаат да се изнасмеат и малку да си олеснат од траумите што ни се случија неодамна во Букурешт.
Андријана Јовановска уредник на списанието „Тој машки свет“
Се будам со мислата дека денес е голем ден за мене, точно четири години откако излезе првиот број на единственото специјализирано лајф-стајл списание за мажи кај нас – „Тој машки свет“. Тортата е подготвена, свеќите изброени, останува да ги дувнеме со колегите во редакцијата, да си замислиме желби поврзани со „Тој...“ и да си посакаме уште многу децении успешна работа. Потоа се враќаме на секојдневните обврски. |