Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп



Овен

Искористете го вистинскиот момент и доброто расположение за тимска работа, бидејќи не сте секогаш во толку добра форма. Ќе имате крист од какво било партнерство. Пред вас е исклучително успешен професионален ден кој ветува многу.



Бик

Премногу се грижите кога ќе наидете на проблеми. Потрудете се да не ставате се при срце. Наклонети сте на бурни реакции и постапки од кои имате слаба корист. Пожелно е да се наоружате со трпение ако сакате да избегнете проблеми. Внимателно во сообраќајот.



Близнаци

И понатаму сте со добро расположение. Бидејќи тоа воедно ви дава и креативна енергија, искористете ја на разни фронтови. Изгледате божествено, се чувствувате фантастично, а причината за тоа е субјективна. Со партнерот ве очекуваат интересни моменти.



Рак

Постојано сте на штрек. Секогаш знаете што се случува околу вас. Вистински советодавец сте кога се во прашање егзистенцијални проблеми. Заљубени сте, а тоа ви дава енергија за да продолжите понатаму. Имате впечаток дека никој не ве разбира.



Лав

Премногу се трудите и сите обврски навремено ги извршувате. Правите се' што е во ваша моќ и намира уживате во признанијата. Искажете го она што го мислите за блиските, но внимавајте да не згрешите некаде. Ве очекува емотивна и материјална добивка.



Девица

Креативната енергија и фантазијата ви помагаат да избегнете од реалноста. Освежете ја врската со партнерот, крајно време е да го изненадите со нешто. Дружете се, тоа многу ќе ви помогне. Здравствената состојба не е лоша, но мора да внимавате на бубрезите.



Терезија

Не е лошо да се посветите на обврските кои ви се од животно значење. Внимателно однесувајте се барем денес. Вложувате енормни количини и физичка и психичка сила за да го надминете проблемот. Промената на работното место не би ви дошла лошо.



Скорпија

Спортот е идеално решение за вашата состојба. Не пропуштајте ниту една прилика за да излезете во природа. Искористете го секој момент за емотивна стабилизација и професионален напредок. Можни се проблеми со телесната тежина. Пијте повеќе течности



Стрелец

Здружете се со соработниците ако сакате да постигнете одлични резултати. Партнерот е во одлично расположение и може да ви понуди многу страсти и нежност. Сите денешни постапки се базираат на физичка привлечност. Децата и пријателите ќе ве воодушевуваат. Хармонични сте со самите себе.



Јарец

Не сте расположени ништо да правите, но морате да се активирате бидејќи на извесен начин ова е ваш ден. Работете на јакнење на самодовербата и потенцирајте ги позитивните особини. Ве очекува нова љубовна авантура, уживајте и прифатете ги сите предизвици.



Водолија

Занимавањето со медицина е одлично за вас. Околината не ве до��ивува сериозно и не обрнува внимание на вашите ставови. Кога ќе ја сфатат суштината, ќе биде доцна, но за околината, не за вас. Веќе долго време профитирате, а и закрепнувате од здравствените проблеми.



Риби

Расправиите со партнерот продолжуваат поради пари. Доколку посветите повеќе внимание на тој сегмент од животот, ќе испливате од проблемите. Веќе долго време сте во неадекватна средина. Проблемите со желудникот може да станат и повеќе од сериозни.

Најди! во Утрински