Тодор Светиев
проф. на ФМУ
Ова е период кога ангажманите ми се најмногу насочени на работа со студентите. Покрај редовната факултетска програма, ги подготвувам и за нивните претстојни настапи. Покрај тоа, сепак, ангажиран сум и со планирање на годишната програма на Сојузот на музичките уметници на Македонија.
Мирјана Јошевска
членка на "Синтезис"
Секојдневен работен ден, во кој се надевам ќе немам некои дополнителни обврски. На работа до 14-15 часот, а потоа ако е убаво времето, одам на прошетка или на дружење со пријателите. Од идната недела со "Синтезис" почнуваме со работа на новите материјали, каде што почнуваме да си "синтетизираме" во етнотехно-манир.
Анисија Мајнова
проф. во гимназија "Коцо Рацин", Велес
Вообичаен ден во наставата, но секој ден е посебен со посебна заемна енергија во односите професор - ученик, бидејќи јас од скоро, речиси два месеца, сум професор. А учениците секогаш знаат да направат нешто специфично. Вечерите се за моите две ќерки. Тоа не е пречка за добро исполнет училиштен ден. |