Овен
Не трошете го времето на работи кои може да ви создадат нервоза. Со оглед на тоа дека денот и не ветува многу, обидете се да извлечете максимум од него. Голем дел од претставниците на овој знак ќе се соочат со решавање на емотивните проблеми кои подолго време ги мачат.
Бик
Подготвени сте денот да го поминете во добро расположение и со луѓе кои навистина зрачат со позитивна енергија. Иако успехот не заостанува и кога е во прашање работата, бидете внимателни на различните понуди кои пристигнуваат до вас.
Близнаци
Постојано се наоѓате во дилема за партнерските односи. Иако тоа не личи на вас, мислите дека партнерот крие нешто или ја провоцира вашата доверба. Не грижете се непотребно. Во љубовта и војната е се' дозволено, па мала проверка на вашите чувства не може да дејствува штетно.
Рак
За припадниците на овој знак денот е создаден за нижење успеси на работното поле. Колку и да ви изгледа невозможно, бројните задачи на кои се нафативте ќе бидат завршени со одличен успех. Доколку имате време за љубов, тогаш планетите ви ветуваат убави мигови со партнерот.
Лав
Ситуацијата на работното место од вас бара да дејствувате активно и да ја донесете вистинската одлука. Колку и да ви се чини невозможно во прв момент, на крајот ќе сфатите дека не изгледа баш се' така сурово. Лицата родени во знакот на Водолија и Стрелец можат да се покажат како одлични пријатели спрема вас.
Девица
Потрудете се правилно да ја контролирате импулсивната страна на природата. Потребно е да преземете заштитничка улога пред своето семејство. Обрнете внимание на новите случувања кои го загрижуваат вашето сакано лице.
Терезија
Важно е да прифатете нечиј совет, без разлика што имате чувство дека се работи само за делумно решение на работите. Своите емотивни желби ги упатувате на погрешно лице. Погрешно го критикувате лицето до кое не допира вашиот глас.
Скорпија
Соработниците ги поздравуваат вашите идеи и позитивно ја оценуваат вашата улога во различни ситуации. Љубовниот ребус е невозможен да го решите без искрено соочување со саканото лице. Некој влијае на вашата емотивна несигурност.
Стрелец
Вашиот успех подразбира проширен состав на соработници и изразена контрола на важните случување. Задржете ја активната улога. На емотивен план работите ги проценувате на погрешен начин. Зачувајте ја блискоста со лицето кое нема да ги изневери вашите очекувања.
Јарец
Важно ви е да се претставите како лице од доверба пред деловните партнери. Ограничете ги емотивните желби или очекувањата во разумна мера. Понекогаш имате премногу перфекционистички потреби.
Водолија
Мора да имате јасна претстава за вистинските вредности кои поминуваат забележано во деловните кругови. Средбата со едно лице ви изгледа заморно, затоа барате различни изговори во обид да избегнете нечие друштво.
Риби
Избегнувајте претерана доза на работно експонирање, нема потреба да ја докажувате својата моќ во ситуации кога можете да дејствувате поучно. Нестрпливо очекувате добар повод за излегување, имате на ум повеќе комбинации. Чувствувате зголемена страст и емотивен импулс.
|