Живот на чинија

Страдна сум за убаво црно чоколадо
Знам да месам, да сукам, да готвам, да пржам, да правам скара, морам да признаам дека сум одличен самоук готвач. Досега немам никого отруено, ха, ха, ха!, вели пејачката Маја Саздановска
Сакам да пробувам нови јадења и кујни, мексиканската храна, на пример, многу ми се допаѓа. Кон неа ме има навлечено братучедот Дарко, кој е голем и страстен љубител на зачинета храна, а благодарение на него научив да јадам и луто.
Отсекогаш сум сакала многу да јадам супа, и тоа ми е останато од малечка. Ја обожавам во секаква варијанта, ама зеленчуковата ми е најубава! Инаку, на полето супи и Чорби сум толкав експерт што дома неретко знам да приготвам некакво изненадување.
Во периодот на растење одев во градинка, па како сите деца така и јас, се' што ќе ни се послужеше - ќе си го изедев. Мора да признаам дека учителките немаа баш некој проблем со мене, освен кога на менито имаше спанаЌ - воопшто не сакав да го консумирам. Како тинејџерка, кога започнав да одам во средното музичко, под училиштето имаше ресторан од блиската банка, така што таму имаше готвени јадења кои често ги користев.
Знам да месам, да сукам, да готвам, да пржам, да правам скара, морам да признаам дека сум одличен самоук готвач и досега никого немам отруено, ха,ха,ха!
Обожавам, Чоколадо ама…. Како и малите деца, и јас не јадам многу т.е онолку колку што некогаш ми посакува душичката! Страдна сум за убаво црно чоколадо со големо количество какао и понекогаш знам да си се почестам баш со тоа задоволство. А богами си сакам и чоколадни торти!
Брзата храна ми е забранета со законот на диет-клубот “ЦД диет-клуб” , а во последно време и од салонот за убавина „Силуете“ и Мелина. Тие ми направија таква рестрикција што веќе не ни знам што е тоа брза храна! Така што во последно време многу сум креативна на полето на салати и овошЈе, ха, ха, ха!
Секое утро минимумот на внесување вода ми е два литра и сметам дека таа е пресудна за пречистување на токсините - и за кожата и за целиот организам! Покрај водата, течности примам и преку големото количество овошје и зеленчук, па мора да признаам дека се чувствувам убаво! Од пијалаци мераклика сум на убаво вино, чашка домашна ракија и моето омилено мартини! |