Кардиохирургија ја прекина државната програма за операции на срце
Јасмина Јовановска
Приватната специјална болница „Филип Втори“ повторно влезе во војна со Фондот за здравствено осигурување. И овој пат комуникацијата и караницата беа преку писмени соопштенија. Болницата ја прекина програмата за операции на срце со сини картони, зашто ги потрошила фондовските пари за овие операции. Па така, пациентите можат да се обратат за кардиохируршки операции во оваа болница само ако си платат од сопствен џеб или ако си обезбедат потврда од Фондот за здравствено осигурување дека тој ќе плати за нив. Од Фондот за здравствено осигурување, пак, велат „Филип Втори“ да престане да манипулира со пациентите и да им бара посебни потврди за да може да се оперираат од срце.
Според соопштението од „Филип Втори“, болницата се одлучила на прекинување на државната програма за операции на срце, бидејќи пред три дена, односно на 15 октомври, ја направиле 1.143 операција со што го исполниле годишниот буџет. Иако во неколку наврати „Филип Втори“ писмено побарала од ФЗО враќање барем на минатогодишниот буџет, Фондот во август ги одбил. Од „Филип Втори“ уште укажуваат дека Фондот еднострано им го скратил буџетот за 2010 година за 30 отсто, па затоа, до крајот на годинава на државен трошок ќе оперираат пациенти само ако имаат потврда од ФЗО.
Од Фондот одговараат дека согласно со договорот, „Филип Втори“ е должен сите итни пациенти веднаш да ги прими и да ги оперира. Фондот со контраудар против „Филип Втори“, вели дека кочницата не е кај нив. Од јуни, како што се вели во соопштението, Фондот чека д-р Жан Митрев да го потпише новиот договор за кардиоваскуларни хируршки интервенции според ДСГ-методологијата со што се опфатени и буџетите за ноември и за декември 2010 година. Затоа, од Фондот велат дека поскорото потпишување на договорот со „Филип Втори“ значи прекинување на манипулација со пациентите и барање писмени согласности од Фондот за изведување кардиоваскуларни операции.
Од Фондот уште напоменуваат дека до потпишувањето на договорот од страна на д-р Митрев осигурениците за кардио-васкуларни хируршки интервенции со сини картони можат да се обратат во приватната клиничка болница „Систина“, со која, исто така, Фондот има склучено договор.
Во јавноста се огласи и „Систина“, од каде што велат дека се подготвени да примат пациенти. „Капацитетот на ’Систина‘ е четири пати поголем од капацитетот на „Филип Втори“. Со тоа имаме и капацитет и договор со Фондот за здравствено осигурување до крајот на годинава да ги прифатиме сите пациенти што имаат потреба од кардиоваскуларни операции“, се вели во соопштението од „Систина“.
Konecno da se stavi kraj na eden od najgolemite kriminali vo Mekedonija vo poslednive 10 godini narecen Zan Mitrev.
Од: В. Кратовалиев
Датум: 19.10.2010 13:20:13
А кога бирократите не се во право! Сите, а особено, оние кои знаат да се организираат и да работат грешат, додека чиновниците од Фондот, одвреме на време ке ја заматат работата за да не е бистра. Оставете ги докторите спокојно да работат за доброто на нас, срцевите болни!
Од: Archelay
Датум: 19.10.2010 16:22:40
A toj Fond ima li podatoci za uspesnosta ili neuspesnata rabota na ovie dve kliniki?Na primer,jas kako pacient na"Filip Ftori"sum prezadovolen.Zosto Fondot ne im dava pravo na izbor na svoite osigurenici?Znaci,ako"Filip Ftori"predvreme gi potrosil Fondovite pari za ovaa godina znaci deka se prijavile poveke osigurenici za razlika od brojot na prijavenite kaj postoeckiot rival.Ete,rabotata e mnogu ednostavna.A toj sto frla otrovni streli vrz Prof.Dr.Jean Mitrev neka se zamisli sto ke pravi koga ke mu dojde vremeto za taa rabota,posle proverenite fakti za strucnos kaj kogo ke se opredeli da odi.
Од: Zoki
Датум: 19.10.2010 21:28:02
Sramota sto vaka mu pravi drzavata na Zan Mitrev ova go nema nikade. Najprvin mu gi skratia parite bidejki novoformiranata kardiohirurgija vo Sistina, na g-not Orce Kamcev isto dobi odobrenie da operira so pari od fondot iako uste nemase oforem siguren tim na hirurzi. Graganite normalno sakaat da se operiraat vo proverena bolnica, namesto da bidat prvi pacienti vo Filip Vtori. Koga go operiraa tatko mi bev svedok na nekolku slucai koi od fondot bea prateni vo Sistina no so molba potoa se premestija vo Filip vtori. Poradi toa i gi pominale limitot. Dzabe Orce Kamcev se fali deka ima podobri uslovi od Mitrev, koga se uste nema kvaliteten tim..
Од: Hirurg
Датум: 19.10.2010 23:25:08
Zan ne e Profesor nitu Akademik tuku prosecen kardiohirurg. Smrtnosta na Zan e mnogu golema i se krie od uvid a Kaj Prof.Dr.Tadzer e 1% sto e minimalna. Profesorot Tadzer e svetski poznat strucnjak. Za kriminalot, primitivizmot, ucenite , smrtnosta na Zan izlisno e da se zboruva. I SDSM i DPMNE mu pomognaa za da gi finansira nivnite kampanji/Go iscedi Fondot.