Број 2939  среда, 18 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп

Овен



Во период кога се' ви поаѓа од рака, не ви се потребни никакви несогласувања со соработниците. Не дозволувајте нечија сервилност да ги наруши вашите реални очекувања на професионален план. Ви пречи сознанието дека на саканото лице му недостига емотивна храброст или инспирација.





Бик



Бидете внимателни и не избрзувајте, бидејќи околината колку и да сака да ви помогне во преден план секогаш го става личниот интерес. Саканото лице постојано се труди да ви ги исполни потребите, затоа имајте малку повеќе разбирање за него.





Близнаци



Би било подобро доколку вашите интелектуални способности ги истакнете во сосема друга насока, каде што нема да зажалите за донесената одлука. Важно е да го зачувате личното достоинство и доброто расположение при средбите со саканото лице.





Рак



Сега сте во фаза кога сите работни задачи ги извршувате со леснотија, па оттаму немате никакви причини за грижа. Не двоумете се при донесувањето на некоја конечна одлука, бидејќи не можете ништо да изгубите. Планетите велат дека ова е за вас одличен период.





Лав



Постапете согласно со вашата совест, бидејќи најважно е да ја оправдате довербата на оние кои веруваат во вас. Во средбите со саканото лице би било добро да прифатите варијанта која ќе биде поволна за двајцата.





Девица



Зачувајте ја присебноста на духот и трпеливоста се' додека не стивнат негативните страсти во вашето опкружување. Во меѓувреме, дозволете си мало емотивно задоволство со партнерот. Доколку некој се обидува негативно да влијае на вас, не обрнувајте особено внимание.





Терезија



Не правете си дополнителни проблеми на самите себе доколку за тоа немате реална потреба. Покажете му на партнерот дека добрата волја и интересот понекогаш значат повеќе од скапите подароци. Само вашиот ентузијазам може да ја подобри ситуацијата.





Скорпија



Внимателно проценете ги потезите кои ги влечете во средбата со соработниците. Добриот глас надалеку се слуша така што позитивната реклама би можела да ви донесе и добар материјален успех. Некој постојано ја расипува вашата љубовна идила.





Стрелец



Одлучноста и упорноста секогаш носат позитивни резултати, затоа нема потреба за лажна скромност и бегање од фактите. Размислувајте за изборот кое лице би можело да одговори на вашата емотивна природа.





Јарец



Мора да се соочите со неповолната позиција и борбата во која ќе вложите многу, а ќе добиете малку. Употребете го вашето најголемо оружје - разумот. Во однос со саканото лице лесно ќе ги остварите намерите.





Водолија



Сите проблеми се решаваат кога имате со кого да ги споделите. Бидете доволно нежни и суптилни пред партнерот, па не одбегнувајте да се препуштите на чувствата и емотивната инспирација. Ќе сфатите дека многу е поубаво чувството да бидете сакани.





Риби



Важно е да го подобрите вашиот рејтинг или да се адаптирате на околината со цел да имате соодветна улога во околината. При средбите со саканото лице, почитувајте го заедничкиот договор за кажување на вистината.





























Најди! во Утрински