Каролин Лерош
дир. за Европа на „Л'окситан“
Утрово ги минувам последните часови од успешниот престој во Македонија. Вчера, во ТЦ „Рамстор“ во Скопје ја отворивме првата продавница во Македонија со производи од нашиот бренд за природна козметика. Претпладнево имам средба со Андреј, партнер од Македонија, а попладне летам за Женева. Среќнa сум поради отворањето на уште една продавница во нашата европска мрежа.
Мухамед Зекири
гл. и одг. уредник на Алсат М
Во текот на денот, ми се чини, ме очекуваат безброј состаноци, со оглед на близината на изборите. Верувам дека ќе излезам со се' на крај попладне да се видам и со семејството, а вечер од 20,30 да ја гледам и дебатата на претседателските кандидати на Алсат М, што ја снимавме со колегата Боби Христов.
Лира Грабул
костимографка
Денеска голем дел од денот го минувам на релација ЕСРА и Средното уметничко училиште на часови со студентите и со учениците. Потоа имам професионални обврски околу изработка на костими, па работам на подготовка на магистратурата. |