Број 2862  понеделник, 15 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Култура

Промоција на книга за пијанистичките техники од Ана Гацева

Македонската афирмирана пијанистка Ана Гацева, вечерва ќе ја промовира својата прва книга со наслов „Пијанистички техники во концерти на композитори - изведувачи од светската музичка сцена“. Промоцијата ќе се одржи во „Мала станица“, во просторот на книжарницата „Или-или“ со почеток во 20 часот. Рецензенти на трудот на Гацева се проф. д-р Димитрије Бужаровски (од ФМУ, Скопје), проф. Сајмон Јанг (од Тринити Колеџ, Лондон) и проф. Стела Слејанска (од ФМУ, Скопје), а за книгата ќе говори професор Јана Андреевска од Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Во книгата, Гацева прави анализа на пијанистичките техники во седум концерти на избрани творци - пијанисти, преку „скенирање“ на нивниот музички јазик, со цел да се согледа, од еден поинаков агол, влијанието на овие великани врз развојот на пијанизмот. Книгата е, инаку, прв научен труд од областа на пијанизмот на македонски јазик кај нас и во неа се поместени резултати од докторската дисертација работена под менторство на проф. д-р Димитрије Бужаровски.

Имајќи предвид дека во Македонија постојат мал број на трудови од оваа музичка област, книгата би претставувала вреден прилог кон музичката литература на македонски јазик, како и за музичките сознанија поврзани со пијанизмот.

Ана Гацева во моментов работи како доцент на Факултетот за уметности во Тетово. Таа е првиот доктор на науки по пијано-интерпретација во Македонија. Со бројните концерти на домашната и европската сцена, во Париз, Њујорк, Салцбург, Софија, Дрезден, Загреб, Белград, Пловдив, Киев, Хвар, Порторож, Гацева се истакнува како еден од најактивните солисти во Македонија. (Т.И.)


Статијата е прочитана 199 пати.

Испрати коментар

Од: Dr Stojadin B.Naumovski /POMNI-SAD
Датум: 15.12.2008 03:30:32
Pokraj cestitkite do mladata Doktorka po Pijano,vredo e da ja spomneme Prof.Dr.Biljana Jovanovska koja sto doktorirase solo peenje i pijano vo Moskva na Chajkovski univerzitetot uste pred poveke od 20 godini. Taa i pokraj nejziniata skromnost mora da ja spomnam kako edna od profesorkite koja go ucese da pee i Tose Proevski. Znaci dali bilo piano interpretacija ili solopeenje i pijano- molam nekoj da mi objasni. Inaku drugi pijanist koi sum gi slusnal neodamna se Maestro Simon Trpevski na negoviot nedamnesen koncert vo Chicago Symphony, kako i madata Ivana Ristova koja zivee i studira postdiplomski studii vo Chicago/SAD. Bi bilo dobro da ja slusneme i avtorkata na knigata sto ke se promovira.Im posakuvam sreka na site koi sto gi spomnav pogore vo tekstot.
Од: Aleksandar
Датум: 15.12.2008 16:04:00
Cestitki do Ana! I pozeluvam uspesna prezentacija i mnogu ponatamosni uspesi.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Концерт на камерното студио „Бахус“
„Утрински весник“ ќе ја додели наградата „Роман на годината“ по десетти пат
Канскиот лауреат „Клас“ не ја наполни „Фросина“
Во Кинотека циклус посветен на македонскиот актер
Владимир Ашкенази – жива легенда на класичната музика