Подгответе се за изненадувања во врска со странство и планови за тоа да отпатувате некаде. Доколку имате здравствени проблеми, обрнете сериозно внимание. Се работи за некој вид неконтролирани постапки, кои се рефлектираат на здравјето. Во што претерувате? Кавги, храна, пиење...
Бик
Одличен момент да почнете да заработувате на нештата во кои долго вложувавте. Бидејќи се работи за туѓи пари, веројатно, ќе бидете посредник и ќе профитирате. Со партнерот е подобро да соработувате отколку да се карате. Ако првото изостане, нека го нема и она второто. Загрижени сте поради нешто.
Близнаци
Поведете повеќе сметка за сопственото однесување, зашто од невнимание може да станете жртва на скандал. Лесно ќе ви се припише и она за што воопшто не сте виновни. Со партнерот однесувајте се како со кристална вазна: чувствителен е, па лесно може да "пукне". Лошите околности може да ги ублажите со мудри потези и така да постигнете внатрешен мир.
Рак
Кутрите Ракови, моментално се чувствуваат лошо. Овој пат на удар нема да биде здравјето, туку работата, но во навестување се и нови почетоци. За жал, на нив ќе мора да почекате до крајот на декември. Во новата година со нова работа.
Лав
Загрижени сте поради проблемите со децата и саканата личност. Тоа се одразува на срцето, па може да имате пречки со крвниот притисок или главоболка. Не преземајте ништо порешително ако не знаете за што се работи. Смирете се и намалете ги активностите. Оние што ги сакате, нека почнат малку повеќе да ве сакаат вас и се' ќе биде в ред.
Девица
Новонастанатите случувања во семејството бараат конфронтација. Наместо да се нервирате, преземете конкретни потези. Потиснатите чувства доведуваат до психосоматски болести и проблеми со дигестивниот тракт. Затоа пожелно е да ја подготвите околината навреме ако веќе имате намера да ја шокирате со нешто.
Терезија
Во постојано движење сте од страв да не се соочите со личноста од која најмногу се плашите - самите себе. Страв ви е на што се' можете да наидете во тој случај. Бидејќи сте замислени, водете сметка за тоа како се однесувате во сообраќајот, зашто само постапувајќи внимателно, можете да ги избегнете незгодите.
Скорпија
Во вечната потрага по вредностите, може лесно да се случи да згрешите. Не е се' врзано за парите. Постојат нешта што имаат многу подлабока смисла, а кои во последно време ги запоставивте. Доколку не сте во форма, една од причините побарајте ја во неадекватната исхрана. Менувајте ги навиките во врска со тоа.
Стрелец
Не ви е лесно од навестувањето на промените, првенствено во вашата личност. Совладајте го нерасположението и прифатете го фактот дека промените се неопходни доколку сакате да напредувате. Здравјето е на удар, па поведете сметка и за тоа.
Јарец
Денеска ви годи осаменоста, зашто во неа барате одговор на проблемите на ниво на личноста. Преиспитајте ги конкретните постапки, соништа, зашто иако мислите дека се' работите одлично, фактите укажуваат на тоа дека некаде грешите. Тешко е да се прифати сознанието дека не сте идеални, но ако е за утеха, никој не е совршен. Низ кризата раснете и зајакнувате.
Водолија
Пожелно е да бидете помалку спонтани, а повеќе разумни, ако сакате да ги спасите односите со пријателите и саканата личност. Нив почнаа да ги заморуваат неумесните шеги, зашто едноставно не се навикнати на нив. Мора секогаш да имате на ум кој е пред вас, зашто во спротивно следуваат сериозни кавги. Нервоза.
Риби
Во фаза сте на промена на статусот и решавање статусни прашања. За што се работи е индивидуално, т.е. зависи од конкретна ситуација. Работата многу ви значи, но за жал, мора да трпи, зашто преокупираноста со проблемите од друг вид ви го одвлекува вниманието. Не можете да се растргнете на повеќе страни, дури и да сакате. Не сте таков тип.