Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Едиторијал

Едиторијал

На духовното богатство му треба и грижа

Даниела Трпчевска

Негрижа и невнимание го пеплосаа македонското духовно богатство. Пламените јазици кои за миг ги проголтаа конаците на манастирот „Свети Јован Бигорски“, бисерот во долнореканскиот крај, уште долго ќе се паметат. Вљубениците во манастирскиот спокој, многубројните намерници во Бигорски и донаторите кои и досега несебично даруваа за овој црковен храм повторно ќе помогнат тој да блесне во сета своја раскош. Можеби во манастирот ќе изникне уште поголем и поимпозантен комплекс на конаци каде што спокој ќе наоѓаат многубројните посетители. Но, сепак, пламените јазици кои за миг урнисаа се' ќе останат долго во сеќавање – како предупредување за негрижата и индолентниот однос кон историското наследство.

Манастирот „Свети Јован Бигорски“ е стожер, прибежиште на илјадници верници, споменик од непроценливо културно и духовно богатство, светилиште кое со векови нуди мир и спокој. Со овие зборови завчера и црковниот и државниот врв го опишаа Бигорскиот манастир, додека со насолзени очи гледаа во изгорените греди и ѕидовите кои едвај се додржуваа под налетот на пламените јазици.

Никој од нив не даде одговор како е можно да се случи ваква катастрофа токму во духовното светилиште, кое е под посебна заштита на Црквата и државата како богатство со непроценлива вредност!

И поглаварот на МПЦ во огнената катастрофа виде „предупредување за сите нас, колку и како се грижиме за она што нашите постари го направиле и ни го оставиле со многу вера, љубов и уметност во нив“. Но, „испарувањето“ вредни икони од македонските цркви, опустошувањето на верските храмови, „исчезнувањето“ на неколкуте книги со златен повез, се само еден показател дека ниту Црквата ниту државата не водат доволно грижа за заштита на нашето непроценливо духовно и културно богатство.

Вџашеност и солзи завчера се наѕираа во очите на монасите кои изминативе години вложија многу енергија и љубов за Бигорскиот манастир да прерасне во прибежиште за средби на сите религии за прослави и духовно прочистување во мавровскиот крај. Ова е еден од ретките манастири каде што луѓе од сите вери навраќаат за да пронајдат спас и да се помолат за здравје. Препознатлив по уникатниот иконостас од 19 век и чудотворната икона, манастирот кој изникна на бигор, беше пример како треба да се негува и опстојува едно вакво древно црковно светилиште.

Оттаму веројатно и шок и неверување кај граѓаните дека неисправна инсталација (како што првично беше соопштено) за миг може да го вивне во пламен сето она што го години макотрпно е градено.

По пожарот во Бигорски, се' повеќе испливува на површина незаинтересираноста на надлежните да се вложи во заштитата на културното наследство. Индолентниот однос е присутен со години, кај сите институции.

Царината неколкупати информираше за обиди за изнесување икони, слики или артефакти од земјава во соседството. Полицијата ретко излегува со сознанија каде завршува нашето непроценливо културно богатство и кој е тој што го разнебитува. Ефикасна реакција нема ниту од страна на црковните лица за пустошењето по древните македонски храмови. Па така, икони, како да се игли за шиење, незабележливо се изнесуваат надвор од земјава, се крадат вредни предмети и книги со златни повези, чија вредност не може да се спореди со никакви пари.

Ако може една ваква катастрофа со незапамтени размери да се случи во манастир во кој несебично со години се вложуваа и пари и макотрпна работа од страна на монашкото братство за да се создаде црковно светилиште за посетителите, тогаш што преостанува за останатите културни и верски објекти во земјава, кои сакале да признаеме или не, се препуштени на милост и немилост.

Со години никој не седна да направи солидна категоризација на сето културно наследство со кое располага земјава. Оттаму и се' потешки се напорите да се пронајдат украдените вредни предмети, за кои никој не сака да говори во чии витрини завршуваат
.


#
Статијата е прочитана 493 пати.

Испрати коментар

Од: kopiljki
Датум: 02.10.2009 09:35:32
Povedete seriozen razgovor so sefot na sektorot za zastita na kulturnoto nasledstvo vo Upravata za zastita na kulturnoto nasledstvo,Zamislete sefot otide na pecalba vo Kosovo na nekolku meseci,neplateno otsustvo.Veruvate ili ne ,proverete.Nemora da go objvite komentarov istrazuvajte kako novinar bidejki spomenuvate kategorizacija na kulturnoto nasledstvo,prasajte i vo Ministerstvo za kultura kolku pati se sostana Nacinalnata komisija ,kakva e nejzinata uloga vo zastita na kulturnoto nasledstvo
Од: pravda
Датум: 02.10.2009 09:49:39
Ocigledno deka vlasta e povece zainteresirana za Aleksandar Veliki a,crkovnite glavesini za biznisot i ubaviot zivot,se znae narodot otsekogas povece mislel za crkvata i verata od gore navedenite.Site bozji hramovi gi gradel narodot so svoi pari,bidejki crkvata nikogas ne vlozuvala ne e zainteresirana nitu da gi odrzuva,najvazno im e da gi soberat parite od vernicite,sekoja cest za monasite samo tie pokazuvaat kako treba i ostanatite crkovni lica da se grizat za bozjite hramovi i kulturnoto nasledstvo na makedoncite
Од: ljube
Датум: 02.10.2009 13:59:15
Da,potpisaniot pod "Pravda" sosema e vo pravo.Zosto?.Pogolemiot broj na verski objekti kaj nas se izgradeni so donacii na vernicite.I posle toa,za vreme na poedini verski praznici,denovi,vernicite doniraat vo crkvite obleka,seker,zejtin,brasno i dr.Da ne zborime za se pomasovnoto vencavanje na mladite vo crkva.Donaciite posle toa vo ime na zdravje gi kupuvaat tie isti vernici,taka da od seto toa se sobiraat ogromni sredstva.Sto se odnesuva za opozarenata crkovna gordost na Makedonskite vernici,manastirot "Sveti Jovan-Bigorski",ubeden sum deka so sredstva na mnogute vernici povtorno ke bide izgraden,ako ne i poubav.No tuka so dobar del na svoi sredstva treba da ucestvuva i MPC,otkazuvajci se od kupuvanjeto na luksuzni dzipovi,a voedno kako pouka od ovoj nastan, neka posvetat pogolemo vnimanie na ostanatite objekti.Ne bi trebalo da se oslonat na sredstvata od vernicite,kako da se samo tie sto treba da se grizat za skoro samo so nivni sredstva izgradeni objekti.
Од: Адам од Говрлево
Датум: 02.10.2009 15:19:48
МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ/БИГОРСКИ, ЛЕШОК, МАТЕЈЧЕ, ... ГО ЗАПАЛИ ГРЕВОТ - НЕМОРАЛОТ, ШТО ПУШТИ КОРЕН ВО СИТЕ ПОРИ НА ОПШТЕСТВОТО! Вратете се кон изворните религиски вредности, искрено и со вера, а не со лицемерие! Направете студија за ОВА, а не ЕНЦИКЛОПЕДИЈА, која по три дена ќе се повлече, оти така сакале Албанците. Има ли разлика меѓу Албанци од Албанија, Косово, Македонија, од чемерија, или државите не важат кога станува збор за Албанците?! Секоја држава си ги штити своите интереси, но кога станува збор за шќиптарите во Македонија, кои се македонци од албанско етничко потекло, тоа не важи - тие се Албанци и само за албанството размислуваат. Албанската идеја е над човековите права, над личноста. Нема народ поисполитизиран од нив; ги спремаат за муџахединлак. Ако се мислеше за иднината на државата, ќе ја правеа двојазична, со издвоено школство на децата по јазична основа??? Само по јазична??? Тоа е отворен фронт, што не престанува... Ако ова продолжи, овде ќе има уште крвопролева

Најди! во Утрински
Едиторијал