Брoj 2706  сабота, 07 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Што прават денеска

Верица Пандиловска

пејачка

Тежок е невестинскиот ден, ха, ха. Станувам многу рано наутро, одам на фризер да ме подготват, па дома кај мајка ми и чекам да дојдат сватовите... Венчавката е во Лешочкиот манастир, а потоа според свадбениот протокол доаѓа веселбата, па потоа почнува делот од животот, што би сакала да биде како цитатот од бајките „засекогаш среќно си живееја“.

Јован Петровски

моден креатор

Денеска е ден за промоција на мојата нова машка и женска колекција во „Лудус концепт стор“ во Скопје. Ревијата започнува во 18,30 часот, па продолжува со промоција и забава... А претходно имам завршен кастинг на манекенките, проба на кореографијата и мал милион детали за решавање, како пред секоја ревија.

Наташа Гинџевска

ТВ-водителка

Денот ми почнува во 9 часот, а ми завршува... не се знае кога! Во текот на претпладнето имам закажано некои снимања и анкети, но се надевам дека во попладневните часови ќе можам да си дозволам некое релаксирачко кафе - дружење. Бидејќи концертот на „Кошин“ е откажан, а планирав да одам, за вечерва ќе смислам некоја друга забава.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ