И понатму сте креативни, комуникативни и расположени. Доколку сте возач , можни се проблеми во сообраќајот, бидејќи концентрацијата деновиве не ви е јака страна. Некој од соработниците може да ве извади од такт, затоа бидете внимателни.
Бик
Чувствувате блискост кон сите со кои сте во контакт. Ви годи женско друштво. Машките припадници на знакот конечно чувствуваат благодат, љубов и разбирање од саканото лице. Одете на културно-уметнички настани и ќе се чувствувате одлично.
Близнаци
Полни сте со енергија и разбирање за се', а од мрзливоста ни трага. Имате љубов на претек, затоа и несебично ја делите. Саканото лице е прво на тапет и со него правите заеднички планови. Решивте во новата година да влеете така што ќе внесете темелни промени.
Рак
Поради нешто сте разочарани и потиштени, а главна причина за тоа е недостатокот на љубов. Мислевте дека воспоставивте склад со саканото лице, но повторно се излажавте. Не грижете се - старата љубов непрестајно мисли на вас, а на повидок е средба.
Лав
Сите стапици успешно ги решавате, ги восхитувате шефовите, кои од вас го очекуваат тоа, но и соработниците. Снаодливо ги решавате семејните прашања, не сакајќи никого да повредите со сопствените чувства. Фантазирате за една средба.
Девица
Се' уште сте под впечаток на убави случувања. Уживате бидејќи решивте некои од своите идеи. Единствено што ви недостасува е да направите важни планови за приватниот живот. Тоа мора да го направите, наскоро планетите ќе ви испратат директни вибрации.
Терезија
Поволните планетарни услови влијаат на желбата за дружење, но и решавање на проблемите со кои самите не може да се справите. Бидејќи за своите можности имате убаво мислење, потребен ви е некој кој со аргументи ќе ве спушти на земја.
Скорпија
Го спасувате она што може да се спаси. Пред се', насочени сте кон љубовта и желбата да ја зацврстите врската. Бидејќи сте упорни и тврдоглави, никој не се сомнева дека ќе успеете во тоа. Ова година ветува многу убави моменти и олеснувања.
Стрелец
Бурните емоции ги насочувате на пријателите и тоа поради несогласување. Не умеете смирено да реагирате, туку им ја фрлате вистината во лице и ги шокирате. Тоа често ви се случува, затоа што не сте свесни кога на другите им е непријатно. Евидентни се засилени емотивни реакции.
Јарец
Бидејќи вашите постапки извираат од страста, можни се и разочарувања. Размислувајте конструктивно, а не емотивно. Врската во која се наоѓате е заснована исклучиво на физичка припадност, или пак фантазирате за тоа. Семејните односи влијаат на напливот на оптимизам и аспекти на надворешна среќа.
Водолија
Колку повеќе луѓе и средби, толку подобро. Комуникативноста, една од вашите главни особини ви е во прв план, па ќе настојувате да ја спроведете на дело. Ако ништо друго, километарски телефонски разговор ќе ви помогне да го пребродите чувството на осаменост.
Риби
Се чувствувате осамено, а не знаете што ви недостасува. Моментално мислите дека судбината ви го свртела грбот. Една од причините за мрзеливост е намалениот имунитет, но и созананието дека потрошивте многу повеќе од она што планиравте.