Хороскоп
ОВЕН
Уметничката наклонетост и желбата за уживање можат да дојдат во комбинација со нервозите. Бидете внимателни ако сакате да избегнете непријатни ситуации. Со Терезиите не влегувајте во спорови, ќе бидете во загуба. Дружете се со проверени лица и ситуации.
БИК
Ѓаволот не ви дава ниту минута мир. Постојано ги искушувате сопствените можности, сакајќи што повеќе. Желбата за независност е изразена, доколку детално ги преиспитате ставовите, ќе извлечете максимум. Во спротивно, избрзаноста може многу да ве чини.
БЛИЗНАЦИ
Близнаците денеска се нервираат повеќе од вообичаено, а главна причина за тоа е љубовта. Односите со спротивниот пол не се ниту лоши, но ниту добри. Треба да преземете конкретни чекори ако сакате да ве почитуваат. Бидете внимателни со секоја своја постапка.
РАК
Вложувајте максимум сила и реализирајте извесен проект. До таа мера сте окупирани со желбата да истраете што немате време да се оптоварувате со секундарни работи. Одењето на пат може да биде уште една од низата обврски кои ве очекуваат. Љубовта тапка во место.
ЛАВ
Машките припадници на овој знак се окупирани со страсни размислувања за некое лице. Понежните припаднички од овој знак се подложни на гинеколошки проблеми, додека машките може да настрадаат во сообраќајка. Љубовта е вашата силна страна - препуштете се на моментите.
ДЕВИЦА
Популарноста и многуте надворешни аспекти придонесуваат да се чувствувате среќно. Со партнерот сте во феноменални односи, така што ништо друго не ви е важно. Преплавени сте исклучиво со позитивни чувства. Вљубениот ч��век е среќен, а со самото тоа и здрав.
ТЕРЕЗИЈА
Преокупирани сте со парите, па денешните емоции се насочени повеќе кон нив отколку кон партнерот. Прекрасните моменти со Раковите се базираат само на другарството. Сфаќате дека сте очекувале нешто невозможно од нив. Потребно е апсорбирање на реалност и чувство за приземјување.
СКОРПИЈА
Бидејќи незадоволството е долготрајно и акумулирано, со тоа мора да се соживеете, но и да пронајдете начин како да го ублажите. Можеби хумористичната литература би можела да ви предизвика насмевка? Или да се сетите на ведри лица, па да ги поканите на прошетка.
СТРЕЛЕЦ
Губите интересирање за работите кои силно ве држеа. На вашите постапки влијаат планетите, затоа и сте пречувствителни и околината ја доживувате негативно. Бидете внимателни, секој погрешен гест може да има трајни последици. Пожелно е да го вклучите разумот.
ЈАРЕЦ
За сите ограничувања кои ги имате одговор побарајте во чувството на ниска вредност. Извесна ситуација ве прави неодлучни до таа мера што тоа прераснува во мачење на самите себеси. Веднаш променете ги ставовите и што е можно побрзо насочете се кон приватниот живот.
ВОДОЛИЈА
Ве очекува напредок во работата со која се занимавате и успех поврзан за склучување договори. Не откажувајте се од нив, па макар и да се брачни. Во овој период, Водолиите би требало да ја доживеат љубовта на својот живот, ако веќе не ја доживеале.
РИБИ
Опкружени сте со жени. Бидејќи емотивно се однесувате кон околината, тие ќе се потрудат да ви помогнат во одредена ситуација. Денешните дружења се втемелени на духовниот афинитет. Искористете ги своите можности на адекватен начин, но притоа не претарувајте.
|