Број 3641  среда, 27 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Забава

Ејми Вајнхаус,

Семејството го добива наследството

Ејми Вајнхаус, која беше погребана вчера, го исфрлила бившиот сопруг Блејк Филдер Сивил од тестаментот и тој нема да добие ни пени од нејзиниот богатство, кое моментално вреди 10 милиони фунти.

Како што пишуваат британските медиуми, Ејми по разводот во 2009 година, се погрижила Блејк да не добие ништо од нејзините пари. Во традиционалната листа на милионери што ја објавува „Сандеј тајмс“, богатството на Ејми е проценето на шест милиони фунти, но таа цифра веќе достигнала 10 милиони.

Правните експерти велат дека наследството од Ејми ќе биде поделено меѓу членовите на нејзиното најблиско семејство: мајка и' Џенис, која страда од ��ултиплекс склероза, таткото Мич и постариот брат Алекс. Близок семеен пријател рекол дека е тешко да се очекува едноставен расплет на ситуацијата околу поделбата на имотот зашто таткото на Ејми е многу доминантен и има големо влијание врз нејзината мајка, иако се развеле кога пејачката имала девет години. На погребот, одржан вчера во Лондон, присуствувале само семејството и неколку најблиски пријатели и соработници на Ејми Вајнхаус.


#
Статијата е прочитана 2427 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Војвотката од Кембриџ ги наследи обетките на Леди Ди
Ги сакам миговите на самотија

"""