Кејт Мидлтон
Војвотката од Кембриџ ги наследи обетките на Леди Ди

Принцот Вилијам на својата сопруга Кејт и' ги подарил омилените дијамантски обетки на својата покојна мајка, леди Дијана. Принцезата Кејт првпат е забележана со новото парче накит за време на тенискиот турнир на Вимблдон, а потоа и во текот на посетата на кралскиот пар на Канада и САД. Бидејќи обетките се украсени со сафири, совршено се согласуваат со свршеничкиот прстен, кој Кејт исто така го наследила од Дијана.
„Сега кога се во брак, Вилијам посакал Кејт да добие некои од омилените парчиња накит на својата мајка“ - изјавил неименуван извор од дворот, додавајќи дека принцезата ги дала обетките само малку да се преобликуваат за подобро да се согласуваат со прстенот. Интересно е дека британската јавност постојано ја споредува Кејт со Дијана, па така заклучиле дека младата принцеза за време на посетата на Канада, носела слични комбинации на облеката, како и Дијана кога отишла со Чарлс на првата официјална посета.
Инаку, туристите, кои во текот на летотот ќе се затечат во Лондон, ќе имаат можност да ја видат познатата венчаница во која се омажи Кејт, а која сега е изложена во Бакингемската палата. Бидејќи влезниците чинат 30 евра, се претпоставува дека во кралската каса ќе се слеат дури 14 милиони евра. Поставката им се допаѓа на сите, освен на кралицата, која изјавила дека куклата без глава изгледа „морничаво“. |