Број 2853  среда, 03 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Експертите предлагаат цензус за првиот изборен круг за претседател

Министерот за правда, Михајло Маневски, на вчерашната јавна расправа, истакна дека предвидените измени на Уставот се однесуваат на намалување на цензусот за избор на претседател на 40 отсто во вториот круг.

„Во конечниот извештај на Набљудувачката мисија на ОДИХР-ОБСЕ по спроведените претседателски избори во 2004 година се препорачува да се отстрани пропишаниот услов со Уставот повеќе од 50 отсто од избирачите да го дадат својот глас во вториот круг за да се избере претседател, со цел да се избегне можноста од неуспешни избори“, рече Маневски.

Во контекст на тоа, тој додаде дека тргнувајќи од реалните состојби и почитувајќи ги препораките во врска со цензусот утврден со ставот 5 од членот 81 од Уставот, Владата подготви предлог за пристапување кон измени на Уставот со насоки за негово изменување.

Со измените, како што посочи Маневски, се предвидува за претседател на Република Македонија да биде избран кандидатот кој во вториот круг освоил мнозинство од гласовите од избирачите што гласале, доколку на гласање излегле повеќе од 40 отсто од избирачите, а не како досега 50 отсто од запишаните гласачи плус еден гласач.

Дарко Алексов од „Мост“ рече дека го поздравуваат овој потег, затоа што со консензус на парламентарните политички партии е дојдено до ова решение. Притоа, тој праша каков тип методологија е аплицирана за да се дојде до 40 проценти одѕив и предложи тој процент да се намали на 30 или воопшто да го нема, како што е во голем број земји во Европа.

Професорката Гордана Силјановска рече дека се работи за невообичаено решение и оти во сите земји што ги познава во вториот изборен круг не се бара изборен цензус. „Ако во вториот круг одат само двајцата најдобри кандидати, тогаш треба да се дојде до избор, а не до повторување на целата процедура. Значи, да се избере еден од двајцата кандидати, додаде Силјановска. (МИА)


Статијата е прочитана 227 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 03.12.2008 04:52:08
znaci vo vtoriot krug edniot ako dobie 50 glasa a drugiot 60 o 60 moze da e pretsedatel. a be ekperti eksperti. e togas valjda vmro ke go ssmetaat za legitimen, posto sega branko so 550 iljadi glasa ne e legitimen, gruevski so 300 iljadi sose glasovite na amdi, dzingo i lile e polegitimen

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Црвенковски го потпиша Указот за Јолевски
Шврговски- Не се точни тврдењата на сведокот за атентатот
Груевски замоли за прекин на штрајкот