Доколку некој ве оптоварува со дополнителни проблеми, променете ги своите почетни критериуми и притоа потсетете ги соработниците на правилата на игра за добро однесување. Немојте да дозволите за вас да се шири лош глас и некој да ве озборува. Изгледате доста вознемирено. Добро би било да ги потиснете своите жешки страсти, отколку да се вовлечете во нова расправа со саканото лице.
Бик
Изгледате доста задоволно и поставувате доста строги работни критериуми. Размислувајте за работи кои не ви се достапни. Претпазливо анализирајте ги своите соработници. Секој од нас има свој начин на изразување или начин на интерпретација на случувањата. Кон саканото лице се однесувате доволно искрено и со претпазливи чувства, но постапувајте според својата совест
Близнаци
Предност им давате на некои анонимни или необични ситуации, кои остануваат скриени пред љубопитните погледи на луѓето. Одредена доза на мистичност може да ви донесе дополнителни непријатности во комуникацијата со соработниците. Важно е да ја одредите границата помеѓу пристојното однесување кон блиското лице и своите авантуристички погледи.
Рак
Договорот што го имате со едно лице не ветува многу, но вие и понатаму постојано одбивате да размислувате за прекин на соработката. Ви недостасува подобра смисла за практична проценка на работите и затоа секогаш трпите неуспех поради несоодветни работни термини. Изгледате загрижено, емотивните ситуации може да ги комплицираат работите за некоја ненадејна постапка.
Лав
Самоуверени сте и доста задоволни. Нечие присуство ќе ви делува пријатно, бидејќи отвора нова или пак шири можност за работна соработка. Моментално сте преокупирани со перспективните цели и имате јасни ставови. Нема причина да се надевате на големи емотивни очекувања. Не оценувајте го својот партнер, покажете повеќе разбирање и толеранција.
Девица
Некој добро влијае на вашето позитивно расположение и на активната улога со соработниците. Добри проценки водат кон практично решение на работните успеси. Водете сметка на различни детали и на корисните сугестии. Потребна ви е поголема доза на одлучност на емотивно поле. Нема потреба да се оптоварувате со погрешни случувања и да се сомневате во нечии ветувања.
Вага
Доколку имате доволно мудрост, водете сметка за некоја корисна информација за некои нови работни прилики. Избегнувајте ситуации кои го злоупотребуваат вашето знаење или практичното искуство. Со доза на резерва прифаќате нечии лесни изговорени ветувања или пак ласкави комплименти кои ги добивате. Претпазливо анализирајте ги случувањата од различни аспекти.
Скорпија
Потребни ви се доверливи соработници или лице кое целосно ја ужива вашата доверба. Кога правилно ќе ги искомбинирате работните афинитети, може да остварите заеднички погодок. Одредени ситуации на кои им придавате посебно внимание незабележано поминуваат кај саканото лице. Различно ги доживувате и вреднувате новите случувања.
Стрелец
Доколку се споредувате со својата околина, вашата предност е во тоа што го избегнувате работното клише и стереотипното однесување. Имате повеќе интересна идеја, отколку решенија кои ви ги нудат вашите соработници. Посветете му внимание на лицето кое ви одговара на вашето емотивно расположение и сензибилитет.
Јарец
Забележувате дека некој има негативно влијание на вашите соработници. Нема потреба да учествувате во нови расправии што влијаат на работните цели, додека помеѓу соработниците постојат различни интереси за некоја област и за нивно определување. Не сакате емотивна утеха, но нечие однесување ве потсетува на однапред режирани претстави, во кои вам ви се доделува споредна улога.
Водолија
Изгледате самоуверено во различни ситуации и подготвени сте да ги означите своите работни ставови. Некои коментари претставуваат позитивен предзнак, затоа продолжете со започнатото темпо. Покажете одлучност и одговорност. Доколку ви е до забава, бидете доволно претпазливи и поведете иницијатива во друштво на блиското лице.
Риби
Добивате различни овластувања и за планираните обврски изгледате успешни во некои алтернативни ситуации. Прецизноста и снаодливоста во комуникацијата некогаш ви помага да остварите некои ваши работни цели. Не можете нечии заслуги да ги мерите врз основа на личните критериуми. Посветете внимание на различните ситници кои ви привлекуваат внимание за саканото лице.